| Фудбал | |
|
+12MrsLupLup Night Crawler Karate Kid Paparapacipipas Markou S|m0n4e Proof Slash High_Voltage Moscow_BoY smiley :) DJ_Stole 16 posters |
|
Автор | Порака |
---|
DJ_Stole верно членче
Број на мислења : 637 Age : 33 Локација : Скопје Registration date : 2006-10-16
| Предмет: Re: Фудбал Вто Фед 20 2007, 14:23 | |
| абе јаас незнам ш0о бара федерер овде ??? иначе вечер ке биде доста густо има многу густи мечеви !! | |
|
| |
Karate Kid Форум Манијак
Број на мислења : 2208 Age : 32 Локација : ovde Registration date : 2007-01-13
| Предмет: Re: Фудбал Вто Фед 20 2007, 14:29 | |
| незнам, некако се мислам дека тоа ке биде Х | |
|
| |
Paparapacipipas Модератор
Број на мислења : 242 Age : 33 Локација : кај сум? под кајсија. Registration date : 2007-02-02
| Предмет: Re: Фудбал Вто Фед 20 2007, 15:28 | |
| Абе Карлос ако игра по традиција ќе му пукне на Кан некој гол од 35м. | |
|
| |
Night Crawler искусно членче
Број на мислења : 247 Age : 32 Локација : nekade Registration date : 2007-01-26
| Предмет: Re: Фудбал Вто Фед 20 2007, 16:14 | |
| Neznam kolku procitavte no na kapelo mu e postaven ultimatum.Toj mora da pobedi na mecot protiv baern ako saka da prodolzi so svojata kariera vo Real Madrid. | |
|
| |
Night Crawler искусно членче
Број на мислења : 247 Age : 32 Локација : nekade Registration date : 2007-01-26
| Предмет: Re: Фудбал Вто Фед 20 2007, 16:24 | |
| da vidime sto napravile nasite internacionalci za vikendot ПРЕГЛЕД НА НАСТАПИТЕ НА НАШИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ Пандев двапати го "пукна" Абиати
* Македонецот беше најдобар на "Олимпико" на дуелот со Торино а имаше и три шанси за да го постигне првиот хет-трик во својата кариера. Италија 24. коло
Горан Пандев (Лацио - Торино 2:0), беше во центарот на вниманието на "Олимпико" каде со двата гола во мрежата на екипата на Торино нашиот најдобар фудбалер им ја донесе победата на "лацијалите". Во 11 минута со добар потег од 5-6 метри Пандев во свој стил ја "поткопа" топката која заврши зад грбот на голманот Абиати кој беше немоќен и во 60 минута кога струмичанецот од близина упати силен и прецизен удар. Ова беа 6-от и 7-от гол за Пандев во оваа сезона па така сега е на делба на 20 место на листата на најдобри стрелци во Серија А каде води Тоти од Рома со 14 голови.
Кога сме кај дуелот со Торино вреди да се напомене дека Пандев настапи до 84. минута и заработи жолт картон. Во моментите кога ја напушташе играта домашните фанови станаа на нозе и го поздравија својот херој кој им донесе значајна победа со која Лацио се искачи на 5. место со 34 бодови и сеуште има шанси за позициите кои водат во Лигата на шампионите. Покрај двата гола нашиот репрезентативец имаше уште неколку шанси да ја тресе мрежата на гостинот а дури три беа на резултат 2:0 со што Пандев пропушти добра шанса да го постигне својот прв хет-трик на првенствен меч во Серија А. Пандев: Ќе го срушам рекордот
По натпреварот нашиот најдобар фудбалер со часови во просториите на "Олимпико". Мораше да се справи со лекарите кои се задолжени за допинг тест а по таа обврска со изјава за "Македонски Спорт".
"Бев многу блиску до хет-трик но и со овие два гола сум задоволен. Најважна е победата и трите бода со кои остануваме во трка за местата кои водат во Лигата на шампионите. Сега имам 7 голови во оваа сезона и се надевам дека ќе го срушам рекордот од лани и дека ќе постигнам повеќе од 11 голови. Тоа е реално затоа што до крајот има уште 15 кола", вели Пандев кој по вторпат во Серија А дава два гола на натпревар. Првиот пат тоа беше минатата година со Ливорно. Тој се надева дека веќе во следното коло кога гостува кај Каљари ќе има нов погодок. Турција 21. коло
Величе Шумуликоски (Бурса - Ризе 1:0), ги одигра сите 90 минути и заработи жолт картон во составот на домаќините кои тешко и минимално стигнаа до трите бодови. Нашиот репрезентативец во свој стил го одиграл овој меч по кој неговиот тим направи скок на 9 место од табелата. Хрватска 19. коло
Јане Николоски (Вартекс - Славен Б. 0:0), без многу работа на премиерниот меч во пролетниот дел од шампионатот. Неговиот тим со бод се враќа од тешкото гостување во Вараждин со што останува во борбата за пласман во плеј-офот. Екипата на нашиот репрезентативен голман се наоѓа на 7 место со 24 бодови и има 4 бодови помалку од посакуваната позиција на која се наоѓа Вартекс.
Сашко Пандев беше резерва за Динамо на дербито во Ријека каде неговиот тим славеше со 2:3 и остана на водечката позиција. Белгија 22. коло
Чеде Јаневски со прв пораз како тренер на Клуб Бриж. Тој загуби на гостувањето кај Монс со 1:0 со што полека но сигурно ги губи и теоретските шанси за челните позиции на табелата. Неговиот тим остана на 5. место со 36 бодови и доцни дури 14 бодови зад лидерот Андерлехт.
Горан Мазнов не настапи за Локерен а истото важи и за Владимир Димитровски од Вестерло. Игор Ѓузелов синоќа со својот Серкл Бриж играа против Варегем. Кипар 20. коло
Влатко Гроздановски (Дигенис - Омонија 1:2) влезе во игра во 75 минута на гостувањето кај Дигенис а неговата екипа со пресрвт во 88 минута дојде до трите бода. Неговиот соиграч Ристе Наумов не настапи на овој натпревар.
Петар Милошевски и Игор Јанчевски (Анортозис - Енозис 1:0) одиграа цел меч за гостинскиот тим во кој нивниот тим со пораз се враќа од гостувањето кај Анортозис кој со гол во 84 минута стигна до трите бода. Ѓорѓи Христов (Арис - Олимпијакос 2:0) ги одигра последните 30 минути за гостите кои беа поразени од домаќинот Арис.
Омонија со оваа победа остана на второто место со само еден бод помалку од Апоел но со натпревар повеќе од ривалот за првото место. Енозис е на местото број 8, додека Олимпијакос е во зоната за испаѓање на 12 место. Тест средби
Зоран Балдовалиев беше стрелец за Локо Пловдив кој одигра 1:1 со романскиот тим Политехника. Балдовалиев бил најдобар во тимот од Пловдив за кој настапиле Халими и Златковски а дуелот заврши без победник 1:1.
Филип Ивановски даде еден гол за Гроцлин кој во Анталија со 7:3 славеше над норвешкиот клуб Лин. Ивановски го одигра вториот дел од средбата а до 73. минута настапи и Владе Лазаревски.
Роберт Попов одигра до 73. минута за Литекс кој загуби со 1:3 од полската Одра.
Илчо Наумоски и Гоце Седлоски со својот Матерсбург славеа со 2:1 на гости кај унгарскиот Залаегерцег. Седлоски го одигра целиот меч а Наумоски настапи до 80.минута.
И. Д. Ивановски Грција 22. коло
Шиков не дочека одмазда
Ванче Шиков првпат се соочи со Ксанти неговиот екс тим со кој имаше еден куп проблеми и претешка разделба која се решаваше по зелени маси и пред комисиите на ФИФА и УЕФА. Нашиот млад стопер ги одигра сите 90 минути за Керкира која како домаќин одигра само 0:0 против незгодниот гостин. Шиков имаше голема желба да ја повтори средбата од пред две кола кога двапати на еден меч се запиша во листата на стрелците но посакуваната одмазда останаа само желба за дефанзивецот. Неговиот тим се уште е во опсаната зона и ќе се бори за опстанокот во лигата.
Горан Попов (Егалео) и Драган Начевски (Ерготелис) не беа дел од своите екипи кои во ова коло им се радуваа на победите.
Ѓоко Хаџиевски со нов успех на клупата на Етникос Пиреа за која настапува и Никола Ѓошевски. Оваа екипа со 3:0 го преслуша Пансериоакос и од самото дно на табелата сега е на само 7 бода од позициите кои водат во најдобрата лига на Грција. Тасевски стрела за Металург 2
Дарко Тасевски напорно тренира и ги одбива сите удари кои му ги нанесува актуелното раководство на украинскиот тим Металург од Запорожје. Нашиот репрезентативец веќе потпиша договор со Левски од Софија и не сака да остане во Запорожје а како резултат на ваквата одлука тој е исфрлен од првиот тим и тренира со втората екипа. Сепак Тасевски во стилот на голем професионалец го работи онака како што треба па во саботата беше стрелец на еден гол за вториот тим на Металуг кој одигра тест меч со руски нисколигаш.
"Свесен сум дека ќе минам лош период но мислам дека донесов правилно решение", изјавува Тасевски за медиумите во Бугарија кои постојано го контактираат и покрај тоа што падна одлука тој на лето да се пресели во Софија.
Тасевски игра за втората екипа а Дени Масев игра за првиот тим на Металург Запорожје кој пролетва ќе се бори за опстанокот во лигата на Украина. Германија 22. коло
Новески со победа во Берлин
Николче Новески (Херта - Мајнц 1:2), и неговиот тим се хит на вториот дел од шампионатот во Германија. Во петтиот меч стигнаа до 4 победа и сеуште немаат пораз а нова нивна жртва беше тимот на Херта и тоа во Берлин. Нашиот дефанзивец одигра одлично во одбраната а во текот на мечот заработи и солт картон. Мајнц имаше негатива од 1:0 но направи пресврт во вториот дел и со Шалке се најдобрите екипи во пролетниот дел од шампионатот. Како резултат на одличната серија Мајнц од самото дно на табелата се искачи на 11. место со 24 бодови.
Александар Васоски и Ока Николов беа збришани од Штутгарт кој во Франкфурт славеше со убедливо 4:0.
Ајнтрахт сега е во опасната зона и на 15. место со 23 бодови а на 16. место со 22 бода е Енерџи Котбус.
Во втората Бундеслига за Келн од 57 минута настапи Александар Митрески кој влезе во игра на местото од Алпај но неговиот тим беше декласиран со 5:0 на гости кај Келн. Гоце Толески го одигра целиот втор дел за Бургхаузен кој со 3:0 е поразен на гости кај Ауе. Митрески со повреда на ногата
Игор Митрески играше само 25 минути за Енерџи Котбус и поради повреда мораше да го напушти мечот против Нирнберг кој неговиот тим го загуби со 1:0. Отечен зглоб на десната нога е епилогот од ударот кој нашиот дефанзивец го заработи кон средината на првиот дел. Митрески е заменет а човекот кој го замени заработи црвен картон.
Според информациите кои доаѓаат од Германија, фудбалерот на Енерџи има сериозна повреда а во текот на наредниве неколку дена ќе се знае колкава ќе биде паузата за главниот столб во последната линија во клубот од Котбус. Сепак оваа вест не би требало да делува загрижувачки за националниот тим затоа шо до дуелот со Хрватска има доволно време па така се надеваме дека Митрески многу брзо ќе се врати на теренот. | |
|
| |
Paparapacipipas Модератор
Број на мислења : 242 Age : 33 Локација : кај сум? под кајсија. Registration date : 2007-02-02
| Предмет: Re: Фудбал Саб Фед 24 2007, 11:40 | |
| Робињо ставен на трансфер листа. Капело изјави дека Робињо не му треба и не го ставаше во игра па и тој беше незадоволен од својот статус во тимот. Челниците на Реал Мадрид одлучиле да го продадат на тимот кој што ќе плати оштета од 18 милиони евра. Најзаинтересирани за него се Арсенал и Милан. | |
|
| |
Karate Kid Форум Манијак
Број на мислења : 2208 Age : 32 Локација : ovde Registration date : 2007-01-13
| Предмет: Re: Фудбал Саб Фед 24 2007, 13:18 | |
| дики ај прати нешто за роналдињо и за кристијано роналдо те молам ! за тоа што се збори дека ке се прават трансвери за нив 2цата | |
|
| |
Paparapacipipas Модератор
Број на мислења : 242 Age : 33 Локација : кај сум? под кајсија. Registration date : 2007-02-02
| Предмет: Re: Фудбал Саб Фед 24 2007, 15:09 | |
| За тоа шпекулации има колку сакаш. Фергусон вика дека Роналдо ке остане ама Роналдо вика дека ни сам не е сигурен каде ке ја продолжи кариерата. Ова е вистина ама со таа изјава Роналдо само појше ги попалил другите да јадат бурек. Барса се најзаинтересирани а и Интер даваат понуда(да се замешаат секаде они). Се шпекулира дека Морати би издвоил 52 милиони евра за него. Е сеа Роналдињо се расправа и со Рајкард и со Ето(мислам се глеа дека не му иде-изгубија од Ливерпул). Барса смета дека само Милан и Челзи имаат пари да го купат Роналдињо зошо они го стаиле на трансфер листа за 100 милиони(шпекулации). Ама вистина е дека Галијани е прилично уверен дека наредна сезона Роналдињо ќе го носи црвено-црниот дрес. А Берлускони иначе дава 120 милиони, а е и во добри односи со брат му на Роналдињо, кој му е и менаџер. Е шо ќе се деси останува да видиме. | |
|
| |
Night Crawler искусно членче
Број на мислења : 247 Age : 32 Локација : nekade Registration date : 2007-01-26
| Предмет: Re: Фудбал Саб Фед 24 2007, 15:13 | |
| jas mislam deka ronaldinjo ima sansi da otide vo milan.Milan imaat izdvoeno 170 milioni evra za transveri.Na listata se ETO,RONALDINHO,LAMPARD,ROBINHO | |
|
| |
Paparapacipipas Модератор
Број на мислења : 242 Age : 33 Локација : кај сум? под кајсија. Registration date : 2007-02-02
| Предмет: Re: Фудбал Саб Фед 24 2007, 18:32 | |
| Па така бе Перо. Роналдињо 120, Робињо 18, и ке им останат уште 32 за нешо поситно да се купи. Чиста математика. | |
|
| |
Paparapacipipas Модератор
Број на мислења : 242 Age : 33 Локација : кај сум? под кајсија. Registration date : 2007-02-02
| Предмет: Re: Фудбал Нед Фед 25 2007, 20:47 | |
| Челзи го освои Карлинг Купот. Дечињата на Арсен Венгер први дадоа гол ама Челзи пресврт им сторија со двата гола на Дрогба. Е не сум за Арсенал ама стварно одлично одиграа. Алал да му е на Арсен како ги наоѓа младине играчи. | |
|
| |
Moscow_BoY Администратор
Број на мислења : 1845 Age : 33 Registration date : 2006-10-13
| Предмет: Re: Фудбал Нед Фед 25 2007, 20:54 | |
| Аха, на крајот се степаа... Не знам, ама мислам дека Дрогба беше во офсајд. | |
|
| |
Proof Форум Манијак
Број на мислења : 2586 Age : 33 Локација : Еве ме нигде ме нема Registration date : 2006-11-06
| Предмет: Re: Фудбал Нед Фед 25 2007, 20:55 | |
| Не глеав а и не ме интересира. Знам само дека Интер ја растури Катанија со 5:2 така да... | |
|
| |
Slash Форум Манијак
Број на мислења : 1130 Age : 33 Локација : Skopje Registration date : 2006-10-16
| Предмет: Re: Фудбал Нед Фед 25 2007, 22:03 | |
| Дрогба ѕвер!!!! | |
|
| |
Moscow_BoY Администратор
Број на мислења : 1845 Age : 33 Registration date : 2006-10-13
| Предмет: Re: Фудбал Нед Фед 25 2007, 22:05 | |
| Иначе беше во офсајд позиција.... | |
|
| |
Night Crawler искусно членче
Број на мислења : 247 Age : 32 Локација : nekade Registration date : 2007-01-26
| Предмет: Re: Фудбал Нед Фед 25 2007, 23:40 | |
| drogba bese vo ofsajd.No sepak arsenal igraa so 2 sostav nemase nikoj od standardnite so retki isklucoci. | |
|
| |
Slash Форум Манијак
Број на мислења : 1130 Age : 33 Локација : Skopje Registration date : 2006-10-16
| Предмет: Re: Фудбал Пон Фед 26 2007, 00:05 | |
| Па ја ли сум крив. Арсен Венгер на располагање ги имаше сите он реши да игра со 2тим така да Челзи шампион | |
|
| |
Night Crawler искусно членче
Број на мислења : 247 Age : 32 Локација : nekade Registration date : 2007-01-26
| Предмет: Re: Фудбал Пон Фед 26 2007, 00:21 | |
| ama treba da se pocituva potegon na Arsen bidejki im dade sansa na mladite igraci. p.s. TAZE VESTI MILAN POBEDIJA 1:0 SO GOLOT NA AMBROSINI BO 90 MINUTA. toa e tim.Vo sekoj moment da moze da se snajdi | |
|
| |
Slash Форум Манијак
Број на мислења : 1130 Age : 33 Локација : Skopje Registration date : 2006-10-16
| Предмет: Re: Фудбал Пон Фед 26 2007, 12:35 | |
| Еве уште еден доказ дека милан ти е најпедерскиот тим во цел свет. Абе како може милан 50% од утакмиците да ги добива со голови постигнати во 90+ мин. И после уве го ствија у друга лига па ја на милан би им забранил и у маалска лига да играат. | |
|
| |
Paparapacipipas Модератор
Број на мислења : 242 Age : 33 Локација : кај сум? под кајсија. Registration date : 2007-02-02
| Предмет: Re: Фудбал Пон Фед 26 2007, 13:00 | |
| Абе фудбал се игра 90мин. па кога ќе падне гол ќе падне, некад порано, некад покасно. Како и да е сосема заслужена победа на Милан според прикажаната игра. | |
|
| |
Proof Форум Манијак
Број на мислења : 2586 Age : 33 Локација : Еве ме нигде ме нема Registration date : 2006-11-06
| Предмет: Re: Фудбал Пон Фед 26 2007, 13:33 | |
| По педерски тим од Милан нема. Ги нема цела утакмица и после грешка на противничката одбрана и некако пацерски ќе влезе топката. Ја не знам како може некој да спонзорира најпедерски тим | |
|
| |
Paparapacipipas Модератор
Број на мислења : 242 Age : 33 Локација : кај сум? под кајсија. Registration date : 2007-02-02
| Предмет: Re: Фудбал Пон Фед 26 2007, 20:26 | |
| Абе безвезе им исклучија играч и после Милан биле педерски тим. А цела игра ја имаа дури и во тие 25 минути со играч помалце па заслужија да победат | |
|
| |
DJ_Stole верно членче
Број на мислења : 637 Age : 33 Локација : Скопје Registration date : 2006-10-16
| Предмет: Re: Фудбал Пон Фед 26 2007, 22:14 | |
| абе види дека милан имаат многу педерски утакмици(тепано) имаат нема шо | |
|
| |
Proof Форум Манијак
Број на мислења : 2586 Age : 33 Локација : Еве ме нигде ме нема Registration date : 2006-11-06
| Предмет: Re: Фудбал Пон Фед 26 2007, 23:26 | |
| | |
|
| |
Karate Kid Форум Манијак
Број на мислења : 2208 Age : 32 Локација : ovde Registration date : 2007-01-13
| Предмет: Re: Фудбал Вто Фед 27 2007, 10:26 | |
| абе со една сампдорија едвај извадија победа и тоа пак у 90' ..... цело време овие им израмнуваа бе ! 3:3 у 90' бе алоо ! кој тим е милан ако со сампдорија и тоа дома прима 3 гола ?! | |
|
| |
Sponsored content
| Предмет: Re: Фудбал | |
| |
|
| |
| Фудбал | |
|