Корчагин форум
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Корчагин форум


 
HomeHome  GalleryGallery  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Металика мој најдобар другар

Go down 
АвторПорака
Moscow_BoY
Администратор
Moscow_BoY


Број на мислења : 1845
Age : 33
Registration date : 2006-10-13

Металика мој најдобар другар Empty
ПишувањеПредмет: Металика мој најдобар другар   Металика мој најдобар другар Icon_minipostedСаб Мар 24 2007, 16:11

Најголем дел од интелигентните и талентирани тинејџери одбираат да слушаат хеви метал, покажуваат новите истражувања, кои како причина ја посочуваат катарзичната моќ на овој вид музика.

Во студијата спроведена од Стјуарт Кадваладер и Џим Кембел од Националната академија за талентирана младина при Универзитетот во Ворвик, бил регистриран голем број на студенти кои го селектирале хеви металот како свој омилен музички жанр.

Постои општоприфатено верување дека надарените студенти го минуваат времето читајќи книги и слушајќи класична музика, но истражувањето покажа дека тоа е само погрешен стереотип. Испитаните 1.000 студенти на возраст од 11 до 18 години, кои се дел од 5% најпаметни луѓе во цела Британија, го побија верувањето дека т.н. металци најчесто се деликвенти и необразувани личности.

Студентите требале да ги опишат своите семејства, ставот кон образованието, своето хоби и предностите на медиумите а потоа и да ги рангираат жанровите музика кои најчесто ги слушаат. Од резултатите јасно се видело дека рок музиката е најпопуларниот тип на забава, но и дека постои одредена поврзаност помеѓу музиката која ја слушаат младите и нивните животни ставови.

Авторите на истражувањето тврдат дека оние на кои металот им е омилен издувен вентил, имаат недостиг на самодоверба, проблеми во односите со семејството и потешкотии при склопувањето нови пријателства. Некои од анкетираните студенти признале дека ја користат хеви метал музиката за да се справат со притисокот кој им го предизвикува нивната интелигенција, но и со фрустрациите и гневот кој секојдневно го чувствуваат.
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net
 
Металика мој најдобар другар
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Забава :: Музика и Ноќен живот-
Отиди до: