|
| Новитети | |
| | Автор | Порака |
---|
Karate Kid Форум Манијак
Број на мислења : 2208 Age : 32 Локација : ovde Registration date : 2007-01-13
| Предмет: Новитети Пон Фед 19 2007, 01:17 | |
| Монитор со крилца Мадафакер од монитор: централен ЛЦД панел од 21,3 инча и дополнителни 5 крила со по 17 инча. Кога ќе го распнете, можете да изброите вкупно 7,993,600 пиксели. кој не верува, нека го купи (3,300 долари) па нека пребројува | |
| | | Slash Форум Манијак
Број на мислења : 1130 Age : 34 Локација : Skopje Registration date : 2006-10-16
| Предмет: Re: Новитети Пон Фед 19 2007, 14:10 | |
| Добро е ова да го имаш. Само цената н му чини. | |
| | | Karate Kid Форум Манијак
Број на мислења : 2208 Age : 32 Локација : ovde Registration date : 2007-01-13
| Предмет: Re: Новитети Пон Фед 19 2007, 16:51 | |
| Рамки за дигитални фотографии Philips претстави две рамки за дигитални фотографии во кои можат да се сместат до 150 фотографии. Погодни за секое домаќинство, овие две рамки имаат исти можности и карактеристики, но визуелно се различни - моделот 9F2M4 е сребрен, а 9FF2CWO има рамка од дрво.Фотографиите се префрлуваат во интерната меморија на рамките преку поврзување со компјутер или дигитален фотоапарат преку USB приклучок. Можно е и вметнување на различни мемориски картички (SD, MMC, Memory Stick, Compact Flash) директно во рамката и прикажување на фотографиите кои се во картичката.Димензиите на фотографиите се подесуваат автоматски за да се прикажат складно во рамката во хоризонтална или вертикална положба и можат да се прикажуваат како серија на слајдови, во зададен временски период, или пак постојано да биде прикажувана една фотографија, како вистинска рамка за фотографија.Со помош на вградениот тајмер, можно е и вклучување и исклучување на дисплејот по желба. Рамките за дигитални фотографии 9FF2M4 и 9FF2CWO чинат 180, односно 200 фунти. | |
| | | Karate Kid Форум Манијак
Број на мислења : 2208 Age : 32 Локација : ovde Registration date : 2007-01-13
| Предмет: Re: Новитети Чет Фед 22 2007, 16:27 | |
| Sony со најлесен лаптоп на светот Sonyпланира следниот месец да започне со продажба на најлесниот лаптоп на светот, се разбира со цел да ја зголеми продажбата на пазарот помеѓу деловните корисници. Со својата тежина од само 898 грама, најлесниот лаптоп на Sony „Tip G“ Vaio ќе има 12,1 инчен LCD екран. Од Sony исто така најавија и дека основниот модел на лаптопот од G тип ќе го испорачуваат без оптички уред (DVD снимач) и дека ќе може да издржи работа од цели 12,5 часови со едно полнење на батеријата. Цената на основниот модел ќе се движи околу 1.881 долар, а во моментов нема информации дали овој производ ќе се продава вон границите на Јапонија. | |
| | | Karate Kid Форум Манијак
Број на мислења : 2208 Age : 32 Локација : ovde Registration date : 2007-01-13
| Предмет: Re: Новитети Чет Фед 22 2007, 16:31 | |
| Intel ги затвори електронските пукнатини Intel пронајде начин да ги изолира колата на своите микропроцесори од три страни, а не само од една. Ова би требало да овозможи зголемување на брзина од 45 проценти кај идните чипови, како и 35 проценти заштеда во потрошувачката на електрична енергија. Методот на „три порти“ помага при спречувањето на загубите во истекување помеѓу жиците, поради намалувањето на димензиите кај технологијата во процесот на производство од 90 на 65 нанометри. Технологијата се уште е во фаза на испитување, но кога ќе биде подготвена, програмерите на Intel најверојатно ќе ја применат во своите нови чипови. | |
| | | Efi верно членче
Број на мислења : 338 Age : 33 Локација : Ни јас не знам Registration date : 2006-11-13
| Предмет: Re: Новитети Чет Мар 01 2007, 00:40 | |
| алелуја конечно нешто арно да им текне | |
| | | Karate Kid Форум Манијак
Број на мислења : 2208 Age : 32 Локација : ovde Registration date : 2007-01-13
| Предмет: Re: Новитети Пон Мар 12 2007, 16:52 | |
| Првиот Wi-Fi дигиталец на Sony Минатата недела, Sony го претстави својот прв дигитален фотоапарат со можност за праќање фотографии преку Wi-Fi врска со персонален компјутер, или со други камери.Оваа 6 мегапикселна камера ги поддржува 802.11 b и g мрежите за поврзување на уреди кои ги поддржуваат стандардите адаптирани од страна на Digital Living Network Alliance. Според зборовите на Фил Лубел - директор за маркетинг за дигитални камери во Sony, нивниот дигиталец претставува чекор кон создавањето платформа за мрежна фото комуникација, па вели дека неговата кампања ќе продолжи да ги истражува начините на искористувањето на безжичната фото комуникација.Што се однесува до самиот апарат, треба да се спомне 3.5 инчниот LCD екран, 2GB интерна меморија и слот за Memory Stick Duo и Pro Duo мемориски картички, а содржи и софтвер за организирање и пребарување на фотографии.Sony DSC-G1 би требало да се појави на пазарот по цена од околу 600 долари. | |
| | | Proof Форум Манијак
Број на мислења : 2586 Age : 33 Локација : Еве ме нигде ме нема Registration date : 2006-11-06
| Предмет: Re: Новитети Вто Апр 03 2007, 22:58 | |
| Дисплеј на допир кој не треба да се допира Производот на компанијата TouchKo е всушност оксиморон. На дисплејот подобро би му прилегало името wavescreen, отколку touchscreen. Дисплеите осетливи на допир веќе одамна не се само мода, туку и практично решение, но компанијата TouchKO одлучи да отиде и понапред и да даде решение на естетскиот проблем со допирањето на мазната и сјајна површина, по што остануваат дамки и траги од прсти. Накратко, станува збор за екран осетлив на допир кој всушност и не треба да се допира. Тајната на овој дисплеј е во сензорите кои чувствуваат вибрации на оддалеченост до 15 сантиметри од неговата површина. Доволно е да се гестикулира со раката пред дисплејот и сензорите ќе ја сфатат пораката, за на крај да ја претворат во конкретна команда. Овие дисплеи засега имаат примена исклучиво во медицината, а останува да видиме дали со време ќе најдат широка примена. | |
| | | Proof Форум Манијак
Број на мислења : 2586 Age : 33 Локација : Еве ме нигде ме нема Registration date : 2006-11-06
| Предмет: Re: Новитети Вто Апр 03 2007, 22:59 | |
| Откако на пазарот се појави мобилен телефон обложен со дијаманти и платина, британската компанија Luvaglio од Лондон го возврати ударот и креираше лаптоп со мермерен изглед, вградени дијаманти и останати племенити метали со вкупна вредност од милион долари. "Милионскиот лаптоп" може да се купи во црна и розова варијанта. Со цел ексклузивноста да биде поголема, компанија се ангажира на сите заинтересирани купувачи да им излезе во пресрет и на средба со свој агент да им го претстави лаптопот. Производот може да се нарача на сајтот на компанијата, каде што воедно се закажуваат и презентациите на милионскиот лаптоп. Да се "ископа" фотографија од лаптопот на интернет е вистинска реткост, а видео презентацијата што излезе во јавностa, експресно беше тргната од сите веб-страници. | |
| | | BIG_M_UNDERGROUND верно членче
Број на мислења : 323 Age : 32 Registration date : 2007-04-08
| Предмет: Re: Новитети Саб Апр 28 2007, 17:56 | |
| Најмалото компјутерче на светот Димензиите на овој PC се само 2×2x2,2 инчи (1 инч = 2,54 цм). Го носи името Space Cube и се претпоставува дека моментално ја носи титулата на најмал компјутер на светот. Вистинска минијатура, нема што!Во компјутерот е вграден процесор од 300 Mhz, а има 64 МБ SDRAM меморија. Како што е видливо на фотографијата, постојат неколку портови на него, и тоа за УСБ, мрежна картичка, флеш меморија, порт за спојување со монитор, сериско спојување (Serial Port), па дури и слот за микрофон. Мониторот е во состојба да прикажува до 65К бои при резолуција од 1280 х 1024 пиксели. Пред помалку од две години ова интересно парче се продавало по цена од 325 американски долари. Зарем не е кул? | |
| | | BIG_M_UNDERGROUND верно членче
Број на мислења : 323 Age : 32 Registration date : 2007-04-08
| Предмет: Re: Новитети Саб Апр 28 2007, 17:59 | |
| Компјутер за најстрастните играчи Произведувачот на персонални компјутери Shuttle продава ултимативно PC за играчите со импресивни компоненти и куќиште во боја, секако со соодветна тастатура и глувче.Shuttle XPC 1337 SDX е направен специјално за играчи, а тоа најубаво може да се докаже со изборот на компонентите. Конфигурацијата е заснована на Интеловиот процесор X6700 Core 2 Quad, придружен од два гигабајти меморија Crucial Ballistix, како и две графички картички од типот ATI Radeon X1950 Pro кои се поврзани со АТИ технологијата Crossfire, а нивниот процесор е обезбеден со водено ладење. Се работи за патентиран систем CoolIT кој им обозможува на картичките да во било кој момент на оптоварување ја задржат својата максимална брзина на работа, без потреба за нејзино намалување. Во системот се вградуваат хард дискови од типот Western Digital Raptor, најбрзите САТА дискови на пазарот со брзина на вртење од 10.000 вртежи во минута. Покрај извонредните компоненти, овој систем има и многи квалитетна надворешност. Секој компјутер се изработува рачно, а за куќиштето се користат најквалитетни автомобилски бои. Поради рачното боење нема два потполно исти компјутери па секој купувач добива уникатен производ. Глувчето и тастатурата кои се испорачуваат заедно со компјутерот се многу квалитетни и се во иста боја. Цената на овој ѕвер изнесува 3.500 американски долари! | |
| | | BIG_M_UNDERGROUND верно членче
Број на мислења : 323 Age : 32 Registration date : 2007-04-08
| Предмет: Re: Новитети Саб Апр 28 2007, 18:02 | |
| Лебдечко глувче!
Неодамна имаше една статија во која пишувавме за лебдечки кревет кој го држи магнетно поле. Овој пат ви го претставуваме лебдечкото глуфче кое работи на сличен принцип. Сакаме всушност се да биде лебдечко.Лудото компјутерско глуфче кое лебди е 100% првиот глушец кој е без допир со подлогата, самоуверено наведуваат на страницата на производот. Она што стои позади овој глушец, чие што полно име е CrazyPC Hover Mouse, е електромагнетна технологија која цело време го држи еден сантиметар над подлогата. Добро е познато дека триењето кај класичните глуфци е често причина за оштетување и потрошеност, па овој глушец, како што велат произведувачите, ќе ја зголеми прецизноста во компјутерските игри. Глушецот е безжичен, а направен е од одлична метална легура. Има три копчиња со плави ЛЕД сијалички. Цената на овој геџет со кој ќе ги здивите вашите пријатели или колеги е околу 75 американски долари и може да се нарача преку интернет. Идеално за фанатиците на игрите, но и од оние кои патат од артритис. Повеќе на: crazypc.com | |
| | | BIG_M_UNDERGROUND верно членче
Број на мислења : 323 Age : 32 Registration date : 2007-04-08
| Предмет: Re: Новитети Саб Апр 28 2007, 18:07 | |
| Компјутерска капа за приватност! Во денешно време кога е многу тешко да се зачува својата приватност, компјутерската капа представува чекор напред во заштитата од шпиуните кои просто ги заринкуваат очите во екранот.Покрај употребата на најновите технологии, кои од година во година стануваат се понапредни, користењето на компјутери или гаџети може да биде многу иритирачко доколку се користат под директно светење на сончевите зраци, и поради тоа овој додаток би можел да биде совршен. Другиот проблем се колегите од работа кои секогаш ви ѕиркаат преку рамената и го пратат секој ваш потег или луѓето кои во преполн автобус ви ги читаат вашите СМС или ММС пораки. Компјутерската капа (Computer Hood) не се стреми кон некоја сериозна примена. Меѓутоа, ќе ви овозможи во потполна приватност да напишете 20 страници од вашиот деловен извештај, подалеку од хиените кои сакаат да ја прочитаат секоја напишана буква или доколку сакате извештајот да го напишете на клупа без притоа да ви сметаат сончевите зраци. Компјутерската капа е во потполност изолирана од звук и светлина. УСБ кабелот кој се наоѓа во неа може да се вклучи во компјутерот со што се овозможува звукот да патува од компјутерот преку звучник кој е вграден во самата капа. | |
| | | Karate Kid Форум Манијак
Број на мислења : 2208 Age : 32 Локација : ovde Registration date : 2007-01-13
| Предмет: Re: Новитети Пон Мај 14 2007, 20:03 | |
| - BIG_M_UNDERGROUND напиша:
- Компјутер за најстрастните играчи
Произведувачот на персонални компјутери Shuttle продава ултимативно PC за играчите со импресивни компоненти и куќиште во боја, секако со соодветна тастатура и глувче. Shuttle XPC 1337 SDX е направен специјално за играчи, а тоа најубаво може да се докаже со изборот на компонентите. Конфигурацијата е заснована на Интеловиот процесор X6700 Core 2 Quad, придружен од два гигабајти меморија Crucial Ballistix, како и две графички картички од типот ATI Radeon X1950 Pro кои се поврзани со АТИ технологијата Crossfire, а нивниот процесор е обезбеден со водено ладење. Се работи за патентиран систем CoolIT кој им обозможува на картичките да во било кој момент на оптоварување ја задржат својата максимална брзина на работа, без потреба за нејзино намалување. Во системот се вградуваат хард дискови од типот Western Digital Raptor, најбрзите САТА дискови на пазарот со брзина на вртење од 10.000 вртежи во минута. Покрај извонредните компоненти, овој систем има и многи квалитетна надворешност. Секој компјутер се изработува рачно, а за куќиштето се користат најквалитетни автомобилски бои. Поради рачното боење нема два потполно исти компјутери па секој купувач добива уникатен производ. Глувчето и тастатурата кои се испорачуваат заедно со компјутерот се многу квалитетни и се во иста боја. Цената на овој ѕвер изнесува 3.500 американски долари! знам за ова фала богу како еден голем гејмер ова ми е едно од нештата што би сакал да ги имам !! морее како ке иде на ова нешто SC или WoW ... ОУУУУУУУ!!!! лудница!! | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Новитети | |
| |
| | | | Новитети | |
|
Similar topics | |
|
Similar topics | |
| |
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |