Џејмс
Браун, самопрогласениот "крал на соул музиката," чиј револуционерен
ритам го направи еден од татковците на рапот, фанкот и диско музиката,
почина на 73 годишна возраст.
Неговиот агент објави дека Браун умрел само неколку часа откако тој бил хоспитализиран поради пневмонија.
Заедно
со Елвис Присли, Боб Дилан и уште неколкумина, Браун беше еден од
највлијателните музичари во изминатите 50 години. Ако тврдењето на
Браун дека и изумителот на соул музиката може да биде оспорено од
фановите на Реј Чарлс или Сем Кук, сепак неговите "авторски права" над
рапот, диското и фанк музиката се неспорни.
Тој, заедно со
Елвис Присли и Чак Бери беше еден од оригиналните членови на рокенрол
куќата на славните. Браун во својата кариера имаше снимено 50 албуми,
сите албуми кои ги направи во периодот од 1960-та до 1977-ма влегоа во
топ 100 а во 1992-ра тој доби Греми за животно дело.
Браун е роден на 3-ти мај 1933-та во гратчето Барнвел во Јужна Каролина. Тој имаше четири жени и вкупно 6 деца.