Пандев одби извинување
Скандалот Лукарели-Пандев е топ тема во Италија каде сите се
прашуваат како фудбалерот на Ливорно не добил црвен картон за ударот по
Македонецот откако тој даде гол за Лацио. Во 25. минута кога Пандев го
даде голот Лукарели се затрча кон нашиот најдобар фудбалер и го удри
кога струмичанецот го славеше голот.
"Катастрофа. Ова не сум
го видел. Сум слушал дека има вакви работи во некои 'диви' лиги, но не
може да поверувам дека тука ми се случи ваков напад", е изјавата на
Горан Пандев.
По средбата Лукарели со обид да ја намали тензијата се обидел да се извини, но...
"Ма
какво извинување. Ова е проблем со кој треба да се занимаваат
институциите во Италија. Не н$ заштитија ниту сидиите, кои место да го
исклучат му покажаа само жолт картон, а тој потоа ни даде гол. Како
само не им дадов уште еден...", е коментарот на Пандев, чиј клуб
секогаш наидува на голем притисок кога игра во Ливорно. Оваа екипа ја
поддржуваат комунистите во Италија, а Лацио важи за тим за кој навиваат
поддржувачите на фашизмот.
По дуелот сите од Лацио со остри реакции кон Лукарели и Ливорно. Се служат и со закани.
"Снимката
покажа каков антиспортист е Лукарели. Пандев беше виновен единствено
затоа што постигна гол и потоа го прославуваше. Лукарели мораше да
добие исклучување. Но, на крајот ние бевме тие со фудбалер помалку. Ако
не се преземе нешто ние во иднина ќе го промениме пристапот кога ќе
бидеме домаќини", е изјавата на Клаудио Лотито, првиот човек на Лацио.