High_Voltage Администратор
Број на мислења : 458 Age : 33 Registration date : 2006-10-14
| Предмет: Lakers Fan Club Чет Окт 19 2006, 22:17 | |
| Значи јас ја имам честа да отворам фан клуб на Лејкерс значи овде ги пишуваме сите вести во врска со нив и официјални и неофицијални | |
|
Proof Форум Манијак
Број на мислења : 2586 Age : 33 Локација : Еве ме нигде ме нема Registration date : 2006-11-06
| Предмет: Re: Lakers Fan Club Саб Дек 30 2006, 19:17 | |
| Лос Анџелес Лејкерс полека им се приближува на Јута и на Сан Антонио, кои се уште се двете најуспешни екипи во НБА лигата. Во дербито на изминатата ноќ, Лејкерс триумфираа токму над Спарс, со 106:99. Пред својата публика во Стејплс Центар, тимот од Лос Анџелес ја оствари 14-та победа, во 20-от меч сезонава. Коби Брајант беше лидер на Лејкерс со 34 коша и 8 скокови. Само 1 асистенција за трикратен двоцифрен ефект му недостигаше на Ламар Одом, кој постигна 18 поени, имаше и 11 дофатени топки. Лук Волтон придонесе со 17 коша. Шестиот пораз во 21-та средба на Сан Антонио не можеа да го спречат Ману Џинобили, кој даде 23 и Тони Паркер, кој имаше 21 кош и 9 додавања. | |
|
Proof Форум Манијак
Број на мислења : 2586 Age : 33 Локација : Еве ме нигде ме нема Registration date : 2006-11-06
| Предмет: Re: Lakers Fan Club Пет Јан 12 2007, 19:28 | |
| Оваа година најсериозниот кандидат за освојување на тронот е тимот кој што го обележа доаѓањето на дваесет-и-првиот век во Лигата, предводен од играчот кој ги помести границите на возможното нагоре по ипсилон оската, притоа без никаков отклон на икс-от; математиката е многу едноставна: оваа година Коби ќе пружи три пати подобра игра од лани (8*3=24). Дека Лејкерси се најдобри потврдува и фактот што потпишаа договор и со Влад Радмановиќ, кој во моментов е можеби единствениот европски играч подобар од Дирк Новицки. Очекувам да биде одличен сапорт кест за Коби, постојана закана од дистанца, полудистанца, рекет и под кош. Годинава редно е да пркне и Ендру Бонукс а.к.а Линукс, кој како што знаеме, е најперспективниот играч во Лигата. Квами Браун би требало да биде на ниво, исто како и Џордан Фармар Џордан и Рони Тартуф. Грузиецот Шамонд Вилијамс е у тимот, исто така. Лејкерси оваа година имаат потенцијал да јуришаат на рекордот на Чикаго (72-10). Сигурен сум дека Коби нема да ја испушти шансата за такво нешто. Во плејофот, очекувам да го соборат сопствениот рекорд и без пораз да дојдат до прстењата. Е сега, можеби и нешто ќе заглиба по пат, но ова погоре беше најобјективната анализа за претстојната година на Л.А.Л. Инаку, не ја исклучувам можноста повторно да бидат некаде на средината на Запад како што беше тоа лани, во трка за местото бр. 8 или евентуално 7; и да заглибат во плејофот со некој прилично силен тим од Тексас или сл. Да не прогнозирам резултатски – очекувам бар малце повеќе хемија откако костурот на екипата се здоби со заедничко искуство лани; Л.О би требало да пркне малку повеќе во улогата на плеј-форвард, пошто ќе има потпора во Радман при борбата под обрачите (а и Мим се надевам ќе биде во форма, и Квами ќе повтори некои од партиите со Феникс и од крајот на прошлата сезона). Смуш прв пат се најде себе си во еден НБА тим, па тоа би можело да го стимулира уште повеќе да се залага (со Коби можат да бидат една од најбрзите предни линии во Лигата). Одбраната не смее да штима ко лани; односно мора од старт да се наметне љутиот притисок шо им го наметнаа на Феникс.. и да не го дрвам. Што се однесува до Коби, освен што е апсолутно најквалитетниот индивидуален играч (сеа више не се зезам), има неколку момента што мора да се земат в предвид: новиот број може да повлече и негов нов идентитет (човекот што ќе ги жртвува своите прекубројни обиди од поле на сметка на тимската игра) Коби влегува во најзрелите години (за конвенционален играч, сеа тука резерва мора да се има ) и би требало да стане „херој-на-четврта-четвртина“ уместо човекот што дава по 80 поена, да ја рационалира играта (што е у корелација со претходната точка) разно. Најголема слабост на Лејкерси и оваа сезона е промајата у рекет, која хронично им дува откако Шекил замина. Тоа не е тим кој е замислив без тежок центар, или еве у 21 век, без доминантен и снажен висок играч (пошто центри више нема). Едноставно, Квами не може да биде тоа, а ни Бонукс, нит Тартуф, нити Мим. Л.О е премногу софт за таква улога, апла се гледа дека не го бива да игра четворка, а другите не доаѓаат ни у предвид. Шамонд Вилијамс може да изненади, никогаш не се знае со Фил особено кога се работи за кецовите (под негова палка еден Рон Харпер или па Дерек Фишер станаа фактори). Од секогаш имал потенцијал, ама останувало на тоа. Ај може ќе му се посреќи. Сепак, нити Шамонд, нити стварно брзиот и флексибилен Смуш, не се достојни плејови за тим кој има некакви аспирации. Лук Волтон и Брајан Кук се оставтишната.. не ми се збори. Вујачич.. пфффффт.. Арон Мекки Болесникот.. Мамаду Н`дјае.. Девин Грин.. Данило Пинок.. Морис Еванс.. ќе видиме, прво кој ќе остане, а после кој ќе пружи нешто. Сепак, мислам дека ќе биде тешко и горко. | |
|
DJ_Stole верно членче
Број на мислења : 637 Age : 33 Локација : Скопје Registration date : 2006-10-16
| Предмет: Re: Lakers Fan Club Саб Јан 13 2007, 17:13 | |
| абе и јас сум лејкерс фан ама оваа година не сум баш упатену поромените у тимот тој со прстените на рака си отиде(фил џексон) изгледа ко со забелезав има нов тренер или не? а и неос у играците има промени знам брајант си смени средношколскиот број | |
|
Proof Форум Манијак
Број на мислења : 2586 Age : 33 Локација : Еве ме нигде ме нема Registration date : 2006-11-06
| Предмет: Re: Lakers Fan Club Саб Јан 13 2007, 17:15 | |
| Не бе Фил Џексон уште е тренер на Лејкерс само што направи една година пауза па сеа се врати | |
|
Moscow_BoY Администратор
Број на мислења : 1845 Age : 33 Registration date : 2006-10-13
| Предмет: Re: Lakers Fan Club Пон Јан 15 2007, 17:07 | |
| Јас сум повеќе за Евролига, НБА со типови како Леброн Џеимс не ми се допаѓа многу... | |
|
Sponsored content
| Предмет: Re: Lakers Fan Club | |
| |
|