Корчагин форум


 
HomeHome  GalleryGallery  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 ТОП10 Дрвја

Go down 
АвторПорака
Karate Kid
Форум Манијак
Karate Kid

Број на мислења : 2208
Age : 28
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ТОП10 Дрвја Empty
ПишувањеПредмет: ТОП10 Дрвја   ТОП10 Дрвја Icon_minipostedНед Мар 25 2007, 22:13

10. Lone Cypress in Monterey
ТОП10 Дрвја DD4B63F074B0AF49B81A1EC9B0A8F853

ТОП10 Дрвја 9630E37119C6BE4696A058AFB25E461F
Иако
не станува збор за некое посебно големо дрво, Осамениот чемпрес ја
надоместува својата атрактивност со иконскиот статус на неверојатно
прекрасно дрво во раскошна изолација.

9. Circus Trees
ТОП10 Дрвја C06DC4C5982E9E4F82B2DC684031F28A

ТОП10 Дрвја EBAA26C4A2016B40B2187E30FEA7A3C5

ТОП10 Дрвја D5F9307D07FD7E468B1CBB58DDAC19CC

ТОП10 Дрвја AFF70843FF416C4D95AC9893074B7C33
Фармерот
Аксел Ерландсон имал хоби да им го менува обликот на дрвата, тој ги
виткал, ги кроел и ги калемел дрвата кои ги нарекувал "Циркуски дрвја".
Ерландсон одбивал да ја споделува својата вештина, која на крај ја
понел со себе во гроб.

8. Giant Sequoias: General Sherman
ТОП10 Дрвја 3C8D6F857E333D4380D7D80F776ED85C
Овие
дрва, кои растат само во Сиера Невада, Калифорнија, се најголемите дрва
на светот (по волумен) а најголемиот од нив е Генералот Шерман кој е
висок 83,8 метри, има волумен од 1.486 кубика и тежи над 6.000 тони. Се
претпоставува дека Генералот е стар повеќе од 2.200 години.

7. Coast Redwood: Hyperion and Drive-Thru Trees
ТОП10 Дрвја CE7CC8235ADC60448F44DBCE71E23B53
Уште
еден вид на секвоја (различна од џиновската) која е највисокиот вид на
дрво на светот. Моменталниот шампион Хиперион е висок 155,6 метри.
ТОП10 Дрвја 286D37F6133FB44B83A52054A38BA1D8
Од овој вид доаѓа Дрвото лустер кое е познато по тунелот кој минува низ него а е со висина од 183 и ширина од 275 сантиметри.

6. Chapel-Oak of Allouville-Bellefosse
ТОП10 Дрвја 115AE10307015549AB1A2CB8D12FFF65

ТОП10 Дрвја 7A781DAD7B5DAA4E915CCF1AF0C7BBA1

ТОП10 Дрвја D3299A15AB115D4088D5EC54FCCE2DF9
Едно
од најпознатите дрва во Франција, всушност истовремено е и зграда и
верски споменик. Во 1669-та локалниот свештеник одлучил да изгради
капела на во тоа време 500 години стариот даб, кој претходно бил удрен
од гром.

5. Quaking Aspen: Pando (The Trembling Giant)
ТОП10 Дрвја 1DAA39852670394AA2ACC5961359D1CA

ТОП10 Дрвја 79D369949BA6C04F9DD55AA74044FE14

ТОП10 Дрвја 78EA90A4196A2A49BDB70A43087B41B0
Ова
е всушност колонија на едно единствено дрво, чии стебленца се генетички
идентични (клонови) и се поврзани со еден единствен жив организам кој
има огромен подземен систем на корења. Пандо е составен од 47.000
стебленца и се пространува на површина од 43 хектари.

4. Montezuma Cypress: The Tule Tree
ТОП10 Дрвја BEA477200990E747AFC8AB55B7B0FB92

ТОП10 Дрвја 0F8F22F4C2B3244DBDB2E443C037E977

ТОП10 Дрвја DF20BDB3745E894884BA565CE5B6FE11
Ова
дрво е вонредно голем Монтезума чемпрес и се наоѓа во Мексико. Неговиот
обем е 58 метри а дијаметарот на стеблото е 11,3 метри. Долго време се
тврдеше дека всушност станува збор за три споени дрва, но со ДНК
анализа се потврди дека е само едно огромно дрво.

3. Banyan Tree: Sri Maha Bodhi Tree
ТОП10 Дрвја 998DD4FE77E43F4DA3E5E4C3B54FE940

ТОП10 Дрвја C33079339152624C8D3C3D2757CBC22D

ТОП10 Дрвја 13C31B76C1C3B74EA086543014307667

ТОП10 Дрвја CDAAE5AE78D9174992868C27256E812B

ТОП10 Дрвја D1ADD342249040488CA543CF4BA12BFE
Банјан
го има добиено своето име по Хинду трговците наречени "баниани," кои
својот бизнис го воделе под крошната на овие дрвја. Инаку ова е дрвото
на кое Робинзон Крусо ја изгради својата куќа. Најпознатото дрво од
овој вид е Шри Маха Боди кое расте во Анурдапура, Шри Ланка, за кое се
верува дека израснало од гранче исечено од дрвото под кое Буда бил
просветен во 6 век п.н.е. Посадено во 288 година п.н.е ова е најстарото
дрво на светот засадено од човек.

2. Bristlecone Pine: Methuselah and Prometheus,
ТОП10 Дрвја A5DF8D6CD90EE34F8BAA557EF9A4FF8C

ТОП10 Дрвја 866B975E54E32040804EBAECEE2B9746
Најстарото
дрво на светот се наоѓа во Белите планини во Калифорнија. Го носи името
Метузалем (по библискиот лик) и е стар 4.838 години. Пред ова дрво да
биде откриено во 1957-та, се сметаше дека најстари дрвја на светот се
Џиновските Секвои кои имаат над 2.000 години. За да се заштитат од
луѓето, властите не ја откриваат неговата локација и не постојат слики
кои би го идентификувале.
ТОП10 Дрвја 4744A1B19DC4DD4387BF3FF187BEE886
За
разлика од него Прометеј има доста лоша среќа. Во 1964-та студентот
Доналд Р. Кари земал примероци од кората од дрвото наречено Прометеј.
Неговата машина за бушење ја пробила кората и завршила во стеблото. По
ова тој побарал од американската шумарска служба да му дозволи да го
пресече дрвото за да го истражи целото стебло. Тие се сложиле.
Испитувањата покажале дека Прометеј има над 5.000 години, со што тоа би
било најстарото дрво на светот доколку Доналд не го убиел.

1. Baobab
ТОП10 Дрвја 0B3616589654D64EA180275D0830E88F

ТОП10 Дрвја B97E2473BFA2824E960BCCF987A776F4

ТОП10 Дрвја F0A44EC9B3B14649AA0056C4F2BD4D5D

ТОП10 Дрвја 63645F150F27D1448D0AE84C0C728319

ТОП10 Дрвја 1AAC9F9C06F3C1429713AAC43B7B3E3D

ТОП10 Дрвја DE02C8A6E432474A8BAA42FCA33F168D

ТОП10 Дрвја 58934A93BA41924F9D6800AED024EEFD

ТОП10 Дрвја 9185EDCF7DB23A4AA723CB01B947B0BD
Во
просек дрвото има висина од 30 метри и ширина 11 метри. Неговата главна
карактеристика, издолженото стебло, всушност е резервоар за вода. Баоаб
може да складира околу 120.000 литри вода кои му помагаат да преживее
во суровите суши. Тоа е национално дрво на Мадагаскар а може да се
најде и во копнена Африка и Австралија.
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/index.htm
Moscow_BoY
Администратор
Moscow_BoY

Број на мислења : 1845
Age : 29
Registration date : 2006-10-13

ТОП10 Дрвја Empty
ПишувањеПредмет: Re: ТОП10 Дрвја   ТОП10 Дрвја Icon_minipostedНед Мар 25 2007, 22:43

Се добро, ама мора да се согласиме дека во руската тундра има најубави дрвја Smile
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net
Paparapacipipas
Модератор
Paparapacipipas

Број на мислења : 242
Age : 29
Локација : кај сум? под кајсија.
Registration date : 2007-02-02

ТОП10 Дрвја Empty
ПишувањеПредмет: Re: ТОП10 Дрвја   ТОП10 Дрвја Icon_minipostedНед Мар 25 2007, 23:06

Едноставно, нели, прекрасни растенија,дела на Мајка Природа.
Вратете се на почетокот Go down
Karate Kid
Форум Манијак
Karate Kid

Број на мислења : 2208
Age : 28
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ТОП10 Дрвја Empty
ПишувањеПредмет: Re: ТОП10 Дрвја   ТОП10 Дрвја Icon_minipostedНед Мар 25 2007, 23:16

ако не прочита едно е дело на Аксел Ерландсон Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/index.htm
Efi
верно членче
верно членче
Efi

Број на мислења : 338
Age : 29
Локација : Ни јас не знам
Registration date : 2006-11-13

ТОП10 Дрвја Empty
ПишувањеПредмет: Re: ТОП10 Дрвја   ТОП10 Дрвја Icon_minipostedВто Мар 27 2007, 22:19

секое дрво на кое вреди да се качиш е добро дрво
Вратете се на почетокот Go down
Efi
верно членче
верно членче
Efi

Број на мислења : 338
Age : 29
Локација : Ни јас не знам
Registration date : 2006-11-13

ТОП10 Дрвја Empty
ПишувањеПредмет: Re: ТОП10 Дрвја   ТОП10 Дрвја Icon_minipostedВто Мар 27 2007, 22:20

Баобаб е најкул
Вратете се на почетокот Go down
Paparapacipipas
Модератор
Paparapacipipas

Број на мислења : 242
Age : 29
Локација : кај сум? под кајсија.
Registration date : 2007-02-02

ТОП10 Дрвја Empty
ПишувањеПредмет: Re: ТОП10 Дрвја   ТОП10 Дрвја Icon_minipostedСре Мар 28 2007, 00:32

И секвојата е многу топ.
Вратете се на почетокот Go down
BIG_M_UNDERGROUND
верно членче
верно членче
BIG_M_UNDERGROUND

Број на мислења : 323
Age : 28
Registration date : 2007-04-08

ТОП10 Дрвја Empty
ПишувањеПредмет: Re: ТОП10 Дрвја   ТОП10 Дрвја Icon_minipostedНед Апр 29 2007, 12:26

Ова првото е закон!
Вратете се на почетокот Go down
Promaja
ново членче
ново членче
Promaja

Број на мислења : 3
Age : 28
Registration date : 2008-05-15

ТОП10 Дрвја Empty
ПишувањеПредмет: Re: ТОП10 Дрвја   ТОП10 Дрвја Icon_minipostedЧет Мај 15 2008, 02:27

хахаха топ 10 дрва...оги ти стварно си отишол...иначе коа сме тука најдобра е сликата со осамениот чемпрес
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ТОП10 Дрвја Empty
ПишувањеПредмет: Re: ТОП10 Дрвја   ТОП10 Дрвја Icon_miniposted

Вратете се на почетокот Go down
 
ТОП10 Дрвја
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Култура :: Уметност-
Отиди до: