Slash Форум Манијак
Број на мислења : 1130 Age : 33 Локација : Skopje Registration date : 2006-10-16
| Предмет: Касино Ројал 2 Сре Мар 21 2007, 13:19 | |
| Продуцентите на 007 одлучија повторно да ја протресат формулата за правење на Џемс Бонд и за прв пат во историјата на серијалот новиот Бонд да биде директно продолжение на настаните кои се случија во претходниот дел. Сценографот на Питер Ламонт, кој учествувал во создавањето на речиси сите Бонд филмови, потврдил дека 22-от дел од Бонд е во почетна фаза на изработката и дека 7 ноември 2008 останува како датум за премиера на филмот.
"На крајот од Касино Ројал голем број работи остануваат нерасчистени. Се уште постои зло, но има и некои внатрешни проблеми кои треба да се разрешат. Планираме да продолжиме и да ги решиме. Точно како ќе го сториме тоа се уште не знам. Во моментот работиме на тоа и е голем предизвик," неодамна изјавила продуцентката Барбара Броколи.
Продуцентите на филмот веќе имале неколку средби со сценаристите, на кои биле договорени последните детали околу сценариото за новото продолжение. | |
|
Slash Форум Манијак
Број на мислења : 1130 Age : 33 Локација : Skopje Registration date : 2006-10-16
| Предмет: Re: Касино Ројал 2 Сре Мар 21 2007, 14:52 | |
| Шон Конери, кој многумина го сметаат за најдобриот Џејмс Бонд, изјави дека сака да се врати во приказната за легендарниот 007, но... ... овој пат не во главната улога. „Пред камерите би се вратил во филм за Џејмс Бонд, но јасно ми е дека моето време за улогата на таен агент помина, па би сакал да го глумам таткото на Бонд“, рече Конери во интервју за списанието „Hollywood“. Конери кој одмора од глумата веќе четири години, истакна дека престанал да глуми поради тоа што бил малце платен. „Новиот Бонд - Даниел Крег нема такви проблеми, бидејќи благодарение на улогата 007, тој во многу краток рок тој стана еден од најдобро платените холивудски актери“, додаде Конери. | |
|
Karate Kid Форум Манијак
Број на мислења : 2208 Age : 32 Локација : ovde Registration date : 2007-01-13
| Предмет: Re: Касино Ројал 2 Сре Мар 21 2007, 15:46 | |
| Закон ! ке одиме да го глеаме у кино ова кога ке дое кај нас !! мора да се глеа !! | |
|
Sponsored content
| Предмет: Re: Касино Ројал 2 | |
| |
|