Во воениот музеј во Скопје ги нема мапите од античка
Македонија
Просторијата во Воениот музеј во која беше постановката за
античка Македонија зјае празна. Мапите и артефактите од фалангата на
Александар Македонски се отстранети. Така советувале земји – членки на НАТО, на
барање на Грција. Атина реагирала до Алијансата и за книгата Воена историја
на Македонија од авторот Ванчо Стојчев, во која ги има картите со границите на
античка Македонија, кои му бодат очи на соседот. Книгата, преведена на англиски
јазик, стигнала до НАТО -престолнините, што ги иритирало Грците. Атина не
реагирала директно до властите во Скопје, туку притисокот го извршила преку
Брисел. Во македонското министерство за одбрана за Канал 5 потврдуваат дека
некои НАТО - држави реагирале кај министерот Еленовски, со сугестија изложбата
да се тргне за да не се провоцира Грција. Директорот на воениот музеј,
Александар Стојчев, син на Ванче Стојчев, тврди дека постановката е симната од
порано. Дел од артефактите биле пренесени во Музејот на Македонија, а дел во
депото на Воениот музеј. Авторот на Воената историја на Македонија знае за
грчката реакција.
Ванче Стојчев, автор на проблематичната книга не сака
да зборува за забелешките од Грција. Смета дека со неговото појавување само би
ја влошило ситуацијата и би ги иритирал македонско- грчките односи.
Токму
добрососедските односи се аргументот со кој министерството за одбрана прифатило
постановката извесен период да биде повлечена. Во клучната година за НАТО -
интегрирањето на Македонија не смее да се иритира Грција, велат од одбрана. Но,
за разлика од властите во Атина кои реагираат и на најмал детаљ што им пречи,
Македонија засега реши да ја одмолчи скандалозната чекорница на грчките
војници пред претседателот Папуљас и дипломатите во која порачуваат дека крвта
на вистинските Македонци е грчка и дека ова име нема да им го дадат на
Скопјани.
канал5