Комедијата ’Ноќ во музејот’, со Бен Стилер и Робин Вилијамс е
најпопуларниот филм за божикниот викенд на Северноамериканскиот
континент со заработка од 30.8 мил. долари, двојно повеќе од
минатонеделниот првопласиран, ’Потрага по среќа’, со Вил Смит и син му,
Џејден.
Роки Балбоа на Сталоне, забележал премиерен викенд од 12.5 мил. долари, со што е на трето место.
Под
него е шпионската драма во режија на Роберт Де Ниро - ’Добриот Овчар’.
Раскажувајќи за почетоците на ЦИА, овој филм со Мет Дејмон и Анџелина
Џоли генерирал 10 милиони.
Едно од главните изданија на неделата
беше и драмата за американски фудбал, ’Ние сме Маршал’, која се најде
на седмото место на листата на заработувачка во САД и Канада.
Метју
Меконахи е во улога на тренер кој го обновува фудбалскиот тим на Маршал
Универзитетот во Западна Вирџинија по авионска несреќа во 1970, во која
загинале 75 играчи, тренери и навивачи.
Во меѓувреме, неколку
филмови имале ограничени премиери како би влегле во конкуренција за
годинешните Оскари, кои се одржуваат во Холивуд на 25ти фебруари.
Јапонската
воена драма на Клинт Иствуд, ’Писма од Иво Џима’ е прикажана во пет
кина, додека на 60 локации бил прикажан ’Клетва на Златниот Цвет’ на
режисерот Занг Јиму.