Второто продолжение на Пирати од Карибите и Кодот на Да Винчи се меѓу најуспешните филмови на годината во Британија и покрај студено-топлиот прием кај критичарите.
Второто продолжение на пиратската авантура со Џони Деп е прв на листата со заработени 52 мил. фунти, за 7 мил. повеќе од Казино Ројал, во кој Дениел Крег дебитираше како Џејмс Бонд.
Кодот на Да Винчи е трет со преку 30 мил. фунти.
Исто како ’Пиратите’, на листата се наоѓаат и три други продолженија – Ајс Ејџ 2, Икс-мен 2 и Невозможна Мисија III.
За наредната година големи се очекувањата од третите Пирати, од филмот за Симпсонови и од најновиот Хари Потер.