Колку и да сте ажурни и да се трудите да ги задоволите прашањата и
коментарите на посетителите на вашиот блог, помалку од веројатно е да
можете 24 часа на ден да бидете он-лајн. Од голема помош би можело да
ви дојде софтвер кој ќе може да комуницира наместо вас.Австралиската компанија MyCyberTwin.com претставила бесплатен софтвер
преку кој им се овозможува на посетителите на вашата веб страница да
разговараат со вас па дури и кога сте офлајн.
Со регистрација на нивната веб страница добивате пристап до просторот
кој може да го персонализирате на кој може да го поставите вашиот "лош"
виртуелен близнак, кој со посетителите ќе комуницира наместо вас.
По креирање на профилот, можете да го поставите на било кој блог или
веб страница, па тој наместо вас ќе разговара со посетителите.
Сепак, се работи за таканаречен компјутерски бот, кој се обидува
паметно да ги препознае корисниците и да одговори на прашањата упатени
до вас, но понекогаш целата работа за време на конверзацијата звучи
тотално безсмислено.
www.mycybertwin.com