10. Lone Cypress in MontereyИако
не станува збор за некое посебно големо дрво, Осамениот чемпрес ја
надоместува својата атрактивност со иконскиот статус на неверојатно
прекрасно дрво во раскошна изолација.
9. Circus Trees
Фармерот
Аксел Ерландсон имал хоби да им го менува обликот на дрвата, тој ги
виткал, ги кроел и ги калемел дрвата кои ги нарекувал "Циркуски дрвја".
Ерландсон одбивал да ја споделува својата вештина, која на крај ја
понел со себе во гроб.
8. Giant Sequoias: General ShermanОвие
дрва, кои растат само во Сиера Невада, Калифорнија, се најголемите дрва
на светот (по волумен) а најголемиот од нив е Генералот Шерман кој е
висок 83,8 метри, има волумен од 1.486 кубика и тежи над 6.000 тони. Се
претпоставува дека Генералот е стар повеќе од 2.200 години.
7. Coast Redwood: Hyperion and Drive-Thru TreesУште
еден вид на секвоја (различна од џиновската) која е највисокиот вид на
дрво на светот. Моменталниот шампион Хиперион е висок 155,6 метри.
Од овој вид доаѓа Дрвото лустер кое е познато по тунелот кој минува низ него а е со висина од 183 и ширина од 275 сантиметри.
6. Chapel-Oak of Allouville-Bellefosse
Едно
од најпознатите дрва во Франција, всушност истовремено е и зграда и
верски споменик. Во 1669-та локалниот свештеник одлучил да изгради
капела на во тоа време 500 години стариот даб, кој претходно бил удрен
од гром.
5. Quaking Aspen: Pando (The Trembling Giant)Ова
е всушност колонија на едно единствено дрво, чии стебленца се генетички
идентични (клонови) и се поврзани со еден единствен жив организам кој
има огромен подземен систем на корења. Пандо е составен од 47.000
стебленца и се пространува на површина од 43 хектари.
4. Montezuma Cypress: The Tule Tree
Ова
дрво е вонредно голем Монтезума чемпрес и се наоѓа во Мексико. Неговиот
обем е 58 метри а дијаметарот на стеблото е 11,3 метри. Долго време се
тврдеше дека всушност станува збор за три споени дрва, но со ДНК
анализа се потврди дека е само едно огромно дрво.
3. Banyan Tree: Sri Maha Bodhi TreeБанјан
го има добиено своето име по Хинду трговците наречени "баниани," кои
својот бизнис го воделе под крошната на овие дрвја. Инаку ова е дрвото
на кое Робинзон Крусо ја изгради својата куќа. Најпознатото дрво од
овој вид е Шри Маха Боди кое расте во Анурдапура, Шри Ланка, за кое се
верува дека израснало од гранче исечено од дрвото под кое Буда бил
просветен во 6 век п.н.е. Посадено во 288 година п.н.е ова е најстарото
дрво на светот засадено од човек.
2. Bristlecone Pine: Methuselah and Prometheus, Најстарото
дрво на светот се наоѓа во Белите планини во Калифорнија. Го носи името
Метузалем (по библискиот лик) и е стар 4.838 години. Пред ова дрво да
биде откриено во 1957-та, се сметаше дека најстари дрвја на светот се
Џиновските Секвои кои имаат над 2.000 години. За да се заштитат од
луѓето, властите не ја откриваат неговата локација и не постојат слики
кои би го идентификувале.
За
разлика од него Прометеј има доста лоша среќа. Во 1964-та студентот
Доналд Р. Кари земал примероци од кората од дрвото наречено Прометеј.
Неговата машина за бушење ја пробила кората и завршила во стеблото. По
ова тој побарал од американската шумарска служба да му дозволи да го
пресече дрвото за да го истражи целото стебло. Тие се сложиле.
Испитувањата покажале дека Прометеј има над 5.000 години, со што тоа би
било најстарото дрво на светот доколку Доналд не го убиел.
1. Baobab
Во
просек дрвото има висина од 30 метри и ширина 11 метри. Неговата главна
карактеристика, издолженото стебло, всушност е резервоар за вода. Баоаб
може да складира околу 120.000 литри вода кои му помагаат да преживее
во суровите суши. Тоа е национално дрво на Мадагаскар а може да се
најде и во копнена Африка и Австралија.