ИНТЕРНЕТ ВОЈНА ЗА МАКЕДОНИЈА
На десетици интернет сајтови се води вистинска интернет војна помеѓу блогерите од Македонија и Бугарија.
По
неколкуте провокации од бугарска страна, како изјавите на Прванов,
понудата до македонскиот Архив да кофинансира и печати наводен, се уште
недокажан оригинал, дневник на Мисирков во кој на фотокопијата Мисирков
наводно се потпишал како македонски Бугарин... до провокативното
однесување при чествувањето на Мара Бунева во Скопје, нападот со
бугарски пропагандни текстови врз интернет страницата на македонскиот
претседател, пишувањата на повеќе медиуми за сето тоа, меѓу кои и на
уредникот на Вечер... стотици блогери едни со други с е убедуваат кој е
во право. Дали Македонците се Бугари, и има ли Македонско малцинство во
Бугарија. Чија е Мара Бунева...
Патем, на интернет страниците
блогерите од Бугарија масовно се јавуваат и на македонски блогови на
кои ставаат текстови, песни... со антимакедонска содржина. Блогот на
Јанко Јади Бурек, популарната ТВ емисија на Скај Нет е буквално
опседнат од бугарски блогери.
Од бугарските блогери дознаваме дека
пропагандните кампањи: Македонците се Бугари, кај нив се воделе
континуирано и со години. Скандалот Мара Бунева сепак не е причина туку
само можност да видиме дека немаме инцидент туку состојба кога, сега
веќе европска држава, со години пропагира територијални претензии према
Македонија.
Се прашувам зашто не ги банираме, избришеме итн...
Се правиме добри Европјани, демократи ? За да бидеме само едни добри пиуни на крајот. До кога ќе му кажува некој на Македонецот што да прави ? Грците се побудија за знамето, го сменивме... Грците се побунија за Александар, ние им го дадовме. Грците се побуние за Кирил и Методиј, не не прашаа... Папата ги прогласи за наследници на Солунските браќа. Грците не ги признаваат Македонците во Грција ( и било кои други малцинства ), и покрај тоа што милион Македонци живеат во таканаречената новосоздадена Грција. Меѓутоа " НАЈГОЛЕМИТЕ ДЕМОКРАТИ", затоа што нели демократијата настанала во Грција ( античка, да не правиме забуна, да ја споредиме со денешнава Џупска Република ).
Татарленд, таканаречената бугарија се почесто пропагира на интернетот и низ Европа, за тоа дека Македонија била бугарска, и Македонскиот јазик, нација итн... се бугарски. Објавува лажни дневници, со цел да ги претвори најголемите Македонци во татари.
бугарија влезе во Е.У, но дали сте се запрашале зошто ? Дали европа е демократска, и така идеална како што ја прикажуваат нашите мафиаши во парламентот и владата ? Која е таа развиена бугарија, каде продаваат уште шуруп, и ти викаат кока кола во америка, кога ќе им побараш сок. Оние кои немаа до пред некоја година мастики за џбакање, и фармерки за облекување. Татарската земја, најголем производител на бело робје, криминал со дрога итн.. во Европа.
Татарленд не ги признава ниту Турците, ниту Македонците и покрај тоа што неколку пати " ургираше за нивно признавање ".
Но затоа ние секогаш сме оние правичните, кои секогаш ќе бидат жртвеното јагне. И ние ќе бидеме оние кои ќе ја дадеме нашата историја, народ, јазик и нација.