епа ние си се искаравме убаво ама да видиме у мегувреме што им се десило на холандските компании за производство на пивце :D
Афера: Пиво
Регулаторите
на Европската Унија ги казнија пиварите Хајнекен, Гролш и Баварија со
вкупно 275 милиони евра под обвинение дека незаконски ги договарале
цените на холандскиот пазар со пиво.
Најголем
дел од паричната казна, поточно 219,3 милиони евра ќе треба да плати
холандскиот Хајнекен, бидејќи држи повеќе од половина од приходот и
учеството на холандскиот пазар. Останатите две холандски пивари ги
заработија обвиненијата поради учеството во картелот од 1996-та до
1999-та година и координираното зголемување на цената на холандското
пиво.
Белгиско-бразилската пивара InBev SA е поштедена од
плаќањето казна во висина од 84 милиони евра, бидејќи се согласила да
обезбеди клучни информации поврзани со организирањето на европскиот
картел.
Директорот на пиварата Баварија, тврди дека неговата
компанија е “целосно невина” за било какво местење на цени,
оправдувајќи се дека бизнис моделот на фирмата е да се натпреварува за
цените.
Од почетокот на годината, заедно со овој случај
Комисијата одреди антикартелски казни со вкупна вредност од 2 милијарди
евра, со што го надмина рекордот од 2006-та година од 1,8 милијарди.
Според изјавите на европскиот комесар за конкуренција, Нели Кроес
ваквите одлуки се еден вид предупредување за секоја компанија, која е
вмешана во слични активности.
Претставниците на Унијата
објаснуваат дека во оваа афера биле вклучени извршни директори, членови
на одбори, менаџери и менаџери за национална продажба. Комесарот Кроес
смета дека биле свесни во што се впуштаат, бидејќи во текот на
преговорите и состаноците постојано користеле шифрирани имиња и
скратеници.