Корчагин форум
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Корчагин форум


 
HomeHome  GalleryGallery  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Славни историски личности

Go down 
+5
Slash
vamp-girl
Moscow_BoY
smiley :)
Proof
9 posters
Отиди на страна : 1, 2  Next
АвторПорака
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Славни историски личности Empty
ПишувањеПредмет: Славни историски личности   Славни историски личности Icon_minipostedСре Фед 14 2007, 22:38

Тука можете да оставате постови за најславните историски личности и нивни интересни случки
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Славни историски личности Empty
ПишувањеПредмет: Re: Славни историски личности   Славни историски личности Icon_minipostedСре Фед 14 2007, 22:39

Адолф Хитлер (20 април 1889 – 30 април 1945) беше водач на нацистите и канцелар на Германија од 1933 до 1945 година.
Адолф Хитлер е роден во Австрија, како син на цариник. Работел како цртач на разгледници и молер. За време на Првата светска војна се борел во Франција, бил изложен на бојни отрови и потоа бил одликуван за храброст.
По поразот на германско-австриските сили, тој станал еден од бројните бесцелни, невработени и депримирани луѓе, кои се сновеле низ Германија и размислувале што ќе се случи со нивната некогаш голема нација.
На оваа тема Хитлер почнал да размислува не како за неуспех во воена смисла, туку како за „нож во грб“ од германските политичари, корумпирани од комунистите и Евреите. Решил да формира партија, која ја нарекол Национална социјалистичка германска работничка партија (накусо нацистичка) и испланирал одмазда за поразот и реставрација на германската величина.
Набргу потоа во себе почнал да открива талент за говорништво и способност да ги врзува луѓето за своите идеи.
Нацизмот почнал вртоглаво да се шири меѓу широките народни маси во Германија, но првиот обид за преземање на власта со сила пропаднал. Но со паѓањето на Германија во длабока економска криза и со растење на невработеноста, Хитлер почувствувал дека дошло неговото време и успеа да си го пробие патот до власта, нудејќи му на народот само едно решение: слепа послушност на неговата волја.
Хитлер успеал на 30 јануари 1933 година да го придобие и натера претседателот Хинденбург да го именува за канцелар. Следната година Хинденбург починал, а Хитлер ги приграбил и неговите функции и се нарекол Фирер (водач).
Набргу потоа Хитлер започнал да размислува за освојување на светот. Се насочил кон соседните земји и со инвазијата на Полска на 1 септември 1939 ја предизвика Втората Светска војна. До 1942 година станал господар на цела Европа и на Советските територии до Москва. Но потоа сојузниците со нивните комбинирани сили ја разбиле германската војска и во април 1945 додека руската артилерија го разорувала Берлин, Хитлер во својот бункер си го одзел животот.
Адолф Хитлер бил генијален на свој начин. Но својот потенцијал го искористил за нечовечни цели - директно бил одговорен за смртта на 50 милиони луѓе, стотици милони ранети и безброј разурнати градови. Овој чудовишен човек, синоним за злото и демонското, на светот му нанел поголемо зло од кога и да е.
Тој бил вегетаријанец, ги сакал децата, ги сакал животните, не пушел и не пиел, но користел амфетамини и до самиот крај и останал верен на својата љубовница.Преземено од "http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%90%D0%B4%D0%BE%D0%BB%D1%84_%D0%A5%D0%B8%D1%82%D0%BB%D0%B5%D1%80"
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Славни историски личности Empty
ПишувањеПредмет: Re: Славни историски личности   Славни историски личности Icon_minipostedСре Фед 14 2007, 22:40

Клаус Барби, познат и како Касапот од Лион (25 октомври, 1913 – 25 септември, 1991) беше Германски воен злосторник. Имаше чин на Хауфштурмфирер (еквивалентен на капетан) во Германските CC единици и во тајната полиција Гестапо за време на нацистичкиот режим. После Втората светка војна работи за британските тајни служби и за ЦИА на полето на разузнавање и контраразузнавање, а потоа во 1955 емигрира во Боливија. Таму се користи со алиасот Клаус Алтман. Во 1980, учествува во 'Кокаинскиот пуч' на Луис Грасиа Меза Техада. Уапсен е во 1983, и осуден на доживотна робија во јули 1987. Умира во затвор во 1991-ва година.

Живот


Клаус Барби беше роден во 1913 во Бад Годесбург, во католичка фамилија, во смејство на два учители. До 1923 го посетувал училиштето каде што работел неговиот татко, а потоа учел во интернат во Триер. Во 1925, неговата комплетна фамилија се преселува во Триер, каде што во 1933 умираат и неговиот татко и неговиот брат.
Во септември 1935, Барби се приклучува на СД (Sicherheitsdienst) - безбедносната гранка на СС. Наскоро потоа испратен е на служба во Холандија. Во 1942, испратен е во Дижон, а подоцна истата година, е прекомандуван во Лион како одговорен на Гестапо. Својот штаб го сместува во лионскиот Хотел Терминус. За време на службата како раководител на Лионското Гестапо го заработува називот касапот од Лион. Тој лично ги измачувал затворениците и важи за директно одговорен за смртта на 4000 луѓе [1]. Прочуен е случајот со апсењето и мачењето на Жан Мулен, еден од највисоките лидери на Францускиот Отпор. Во април 1944, Барби наредил депортација во Аушвиц на група од 44 еврејски деца од сиропиталиштето во Изју.
Во 1947, Барби станува агент на Контраразузнавачкиот Копус на Американската армија (CIC). Во 1951, со помош на Америчката влада емигрира во Боливија, кадешто живее под лажното име Клаус Алтман. Заедно со италијанскиот терорист Стефано Деле Чијае, во 1980-та зема учество во 'Кокаинскиот пуч' на Луис Грасиа Меза Техада, кога во Боливија со сила доаѓа на власт озлогласен милитаристички режим.[се бара извор].
Барби е идентификуван во Боливија уште во 1971-ва од страна на Серж и Беата Кларсфелд, но е уапсен и депортиран во Франција дури на 19 јануари 1983, по доаѓањето на поумерена струја на власт во Боливија.
Неговото судење започнува на 11 мај 1987, во Лион. На 4 јули 1987, Барби е осуден на доживотен затвор поради злосторства против човештвото. Четири години подоцна умира од рак, на старост од 77 години.

Судење


Во 1984, на Клаус Барби му се суди за злосторства извршени во периодот помеѓу 1942 и 1944-та година, додека бил раководител на Гестапо во Лион. Невообичаено, но поради високата историска вредност, биле издадени дозволи за снимање на судењето.
За време на процесот Барби добива подршка не само од Наци апологети како Франсоа Жену, туку и од левичарскиот адвокат Жак Верже. Верже веќе имал репутација за напади врз Францускиот политички систем, посебно на темата за Француските колонијални територии. Неговата стратегија, како главен одбрамбен адвокат на судењето на Барби, била откривањето на Францските воени злочини, направени по 1945. Навистина, многу од обвиненијата против Барби се откажани, поради законите кои ги штитат луѓето за дела починети под власта на режимот од Виши, како и делата за време на Алжирската кампања.
Аргументите на Верже се засновале дека нема разлика во природата на злосторствата на Нацистите и на францускиот Империјализам, и според тоа, француските судови не се надлежни да му судат на Барби. Исто така, членови на одбранбениот тим на Барби биле и адвокатите Набил Буаита од Алжир и Жан-Мартен М'Бемба од Конго. Тие додатно го зајакнале прашањето на Верже: "Дали злосторствата против човештвото предизвикуваат емоции или бараат комеморации ако се направен против Европејци?". М'Бемба изложил информации за смртта на 8,000 Африканци при изградбата на 140 километарска делница на пруга низ француска колонијална Африка, додека Буаита расправал за масакрот во Сабра и Шатила.
Сепак на крајот Барби е прогласен за виновен и е осуден на доживотна робија. Умира во затвор во Франција, само четири години по осудувањето, на возраст од 77 години.

Културни Референци




  • Документарниот филм за животот на Барби за време на и по Втората светска војна Хотел Терминус: Животот и Времето на Клаус Барби[2] е добитник на Оскар за Најдобар Документарен Филм во 1989.



  • Поранешниот агент на Контраразузнавачкиот Копус на Американската армија Ерхард Дабрингхаус, кој работел против Советскиот Сојуз за време на Студената Војна, го препознал Барби на телевијија, и има издадено книга за работата на Барби за Соединетите Држави во повоениот период.



  • Во филмот од 2001 година "Стаорска Трка" еврејска фамилија го посетува "Музеот за Барби" мислејќи дека се работи за музеј посветен на куклата Барби, но кој всушност му е посветен на Клаус Барби.
Вратете се на почетокот Go down
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 34
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Славни историски личности Empty
ПишувањеПредмет: Re: Славни историски личности   Славни историски личности Icon_minipostedЧет Фед 15 2007, 01:15

еј јас сакав за Хитлер да пишам! Ич не си фер! Ај чекај сеа да најдам за менгеле!
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Славни историски личности Empty
ПишувањеПредмет: Re: Славни историски личности   Славни историски личности Icon_minipostedПет Фед 16 2007, 00:50

Наполеон (15 август 1769 - 5 мај 1821) е еден од најистакнатите војсководци на сите времиња. Во зенитот на својата кариера тој владеел со речиси цела Европа. Роден е на Корзика, се школувал во воените училишта во Франција, а се воздигнал за време на превирањата по Француската револуција. Во 1795 година, по барање на владата, ги победил контрареволуционерите “со малиот прст”.
По ова извојувал победа над австриската армија во Италија, а кога тргнал кон Виена, од таму молеле за мир. Неговата моќ и популарност во Франција го заплашиле Директориумот (тогашната влада), па затоа во 1798 година го упатиле во Египет каде што требало да ја попречи британската трговија со Индија. Но, оваа акција била осуетена со Нелсоновата победа кај утоката на Нил.
Следната година тој се вратил во Париз и влегол во составот на тричлениот конзулат. Потоа се прогласил за прв конзул во следните десет години, а подоцна ја зел и титулата император. Неговото чувство за дисциплина довело до крај на безредијата. Наполеон создал планови за Банка на Франција, за стабилизација на франкот и за унапредување на даночниот систем, а спровел и владини и судски реформи. Во 1805 година пак завојувал против три од најголемите сили на тоа време: Британија, Австрија и Русија. Успеал да ги победи Австрија и Русија кај Аустерлиц во 1805 година, а потоа и Прусија во 1806 година кај Јена. Ова му овозможило да стане господар на Европа, па затоа се обидел да ја порази и Британија со уништување на нејзината трговија.
Сакајќи да го освои светот, откако ја освоил половина Европа, во 1812 година тргнал во напад на Русија, но доживеал пораз. Во април 1814 година бил принуден да абдицира. Во 1815 година се обидел повторно да дојде до власт и, само по сто дена престој во Париз бил протеран на јужноатлантскиот остров Света Елена, каде што умрел на 5 мај 1821.
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Славни историски личности Empty
ПишувањеПредмет: Re: Славни историски личности   Славни историски личности Icon_minipostedПет Фед 16 2007, 00:51

Абрахам Линколн (1809 – 1865) често се смета за најголем американски претседател (1861-1865) по основањето на САД. Секако, неговите снажни но фини манири помогнале да добие татковски имиџ каков што ниеден претседател по него немал. Тој бил умен, цврст, стрплив и со многу разбирање за луѓето кои послабо стоеле од него. Почнал да работи како продавач, бил управник на селска пошта, но потоа се определил да студира право.
Линколн станал претседател во 1861 година, во тоа критично време за САД. Земјата била жестоко поделена околу ропството. Белците од северните држави не го одобрувале, додека белците од јужните држави го сметале како неопходно за нивните плантажи на шеќерна репка и памук. Луѓето од север не се согласувале со начинот на кој несреќните црни луѓе биле третирани. Па, југот се отцепил од сојузот и ги формирал Конфедеративните Држави на Америка, составени од седум држави. Граѓанската војна избувнала во 1861.
Линколн донел одлука да го зачува сојузот во целина и да го укине ропството. Затоа го поддржал Северот со сите средства кои му стоеле на располагање. Во 1862 година Линколн прокламирал дека почнувајќи од 1 јануари 1863 година, сите робови во конфедеративните држави се слободни. Во 1863 ја одржал познатата беседа во која меѓу другото рекол: “ ... Пред 87 години нашите татковци на овој континент создадоа нова држава, изразена во слобода и посветена на претпоставката дека сите луѓе се создадени еднакви ... “.
Овој блескав човек бил убиен во театар од луд артист, само неколку дена по крајот на Војната.
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Славни историски личности Empty
ПишувањеПредмет: Re: Славни историски личности   Славни историски личности Icon_minipostedПет Фед 16 2007, 00:53

Џорџ Вашингтон (1732 – 1799) бил првиот американски претседател од 1789 до 1797.
Вашингтон бил командант на силите во Северна Америка кои во 1774 година востанале против британската власт.
Востаниците протестирале против обврската да плаќаат големи даноци на лондонската влада, а самите немале претставник во Британскиот парламент кој ги донел тие закони.
Во таа војна за ослободување, Џорџ Вашингтон успеал да ги совлада британските владини сили и ја присилил Велика Британија да им ја признае незвисноста на Соединетите Американски Држави, што веќе официјално била прогласена на 4 јули 1776 година.
Чистата кариера на Вашингтон и неговите решавачки воени успеси биле такви што Американците воопшто не се двоумеле кога дошло времето кого да изберат за прв претседател. Тој останал на функцијата во текот на два мандата, а денес меѓу Американците е познат како “татко на нацијата”.
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Славни историски личности Empty
ПишувањеПредмет: Re: Славни историски личности   Славни историски личности Icon_minipostedПет Фед 16 2007, 00:56

Ернесто Рафаел Гевара де ла Серна (шпански: Ernesto Rafael Guevara de la Serna) или скратено Че (шпански: Che), е роден на 14 јуни 1928 во Росарио, Аргентина. Живеел во добро ситуирано семејство, кое и покрај завидната состојба- преферирало социјалистички идеи. На 20 години почнува да студира медицина, на универзитетот во Буенос Аирес.
На 1 јануари 1950, Че Гевара и неговиот пријател Алберто Гранадо тргнуваат на пат околу Јужна Америка со мотор (така наречен Ла Педроса),со цел,да стигнат во Венецуела на роденденот на Алберто Гранадо(на 8 август) и таму да го прослават.За време на патувањето се одседнуваат на неколку места,најпрвин се задржуваат 6 дена во Миамар,кај тогашната девојка на Че,потоа следат пропатни проблеми со моторот и кратки задржувања на повеќе места.Подолго се задржуваат во Перу,на еден остров во болница за лепрозни лица,кде што работат извесно време.Таму Че на големо го подигнува духот на болните лица уверувајќи ги дека треба да се борат во животот за се,па и против болеста.Тука Че го прославува 23 роденден.На крај неговиот пријател Гранадо е примен како биохемичар во една болница во Гватемала,и тука се разделуваат.Че оди во Мајами,од каде се враќа во Буенос Ариес,за да го заврши факултетот за медицина.Во текот на патувањето му се развиваат и мислите околу комунизмот,како единствено решение за спас на луѓето кои невино страдаат,и сето тоа започнува кога ќе сретне брачен пар,лево ориентирани во политиката, кој оди во рудник да заработи за леб,бидејќи властите му го одземале земјиштето.Тоа е всушност пресвртниот момент во сфаќањата на Че.
Откако го завршил факултетот,оди повторно на пат,кон Средна Америка,во 1955 година.Во тој период се жени со Хилдита од која има и едно дете.При тоа го запознава Рикардо Рохо,човек кој прв пат ќе го одведе Че во вистинска борба против капиталистите,во Гватемала,каде што и нема да стекне некое искуство,бидејќи бунтовниците брзо биле разбиени и протерани од Гватемала.Че тогаш пребегнува на територијата на Мексико,каде што го запознава Фидел Кастро и неговиот брат Раул.Таа јунска вечер кога се запознале,разговарале 5-6 часа и „паднал“ договорот за организирање на револуција во Куба.
Во 1957 Че и браќата Кастро ја нападнале касарната во местото Ла Плата,на Куба. Тоа било воедно и првата нивна победа. Откако дотогашниот диктатор побегнал од земјата, а победата на револуционерите е призната, Ернесто добива Кубанско државјанство на 9 февруари и станува гувернер на народна банка на Куба,Амбасадор на Куба во Организација на Обединетите Нации и уште 2 министерски места. ...
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Славни историски личности Empty
ПишувањеПредмет: Re: Славни историски личности   Славни историски личности Icon_minipostedПет Фед 16 2007, 00:59

Фидел Кастро (роден 13 август 1926) е кубански револуционер, Генерален Секретар на Комунистичката Партија на Куба и Претседател на Куба.
Роден е на 13 август 1926 (според некои 1927) во Мајари во провинцијата Ориенте. Татко му беше сопственик на плантажа со шеќерна трска со површина од 23.000 акри. Во младоста Фидел посетуваше две језуитски училишта - Ласал и Долорес, и двете во Сантијаго де Куба. Во 1942 се запиша во језуитското училиште во Хавана и успешно го заврши во 1945. Во 1950 заврши правни науки на Универзитетот во Хавана.
По завршувањето на факултетот Кастро планираше да се кандидира за пратеник во кубанскиот парламент на изборите закажани за 1952, но генералот Фулгенсио Батиста изврши воен удар и ги откажа изборите. Заедно со група истомисленици на 26 јули 1953 тој изврши напад врз касарната во Монкада. Нападот беше неуспешен и Кастро беше затворен. Во затвор остана до 1955. По напуштањето на затворот Кастро прво отпатува за САД, а потоа и за Мексико, каде што го организира револуционерното движење наречено “26 јули”.
Во 1956 заедно со група истомисленици, меѓу кои и Ернесто Че Гевара и брат му Раул Кастро, се истоварува на брегот на Куба и ја поведува борбата против диктатурата на Батиста. Во тоа време неговото движење застапува општи демократски принципи и не се залага за воведување на комунизам. Напротив, тогашната кубанска комунистичка партија не се согласува со начинот на водење на борбата и со целите на движењето на Кастро и го нарекува “ситно-буржоаско”. На почетокот на 1959 силите на Кастро навлегоа во Хавана и диктатурата на Батиста беше соборена.
На почетокот на своето владеење Кастро не спроведуваше радикални општествени реформи. Дури и не беше непријателски расположен кон САД. Но поради притисоците од масите, Кастро почна да презема мерки кои одеа против интересите на американскиот капитал во Куба. Голем удар на американскиот капитал на Куба беше национализацијата на нафтените рафинерии во 1960, по што САД престана да купува кубански шеќер и воведе економско ембарго кон Куба. Уште повеќе, почна да ги организира кубанските бегалци за насилно соборување на Кастро од власт, што кулминира со фијаското со истоварувањето во Заливот на свињите во 1961.
Притисоците од страна на САД го тераат Кастро да се приближи до СССР. СССР почна да го купува кубанскиот шеќер, многу важен за целата кубанска економија, но за тоа бараше и противуслуги. Меѓу нив беше инсталирањето на советски балистички проектили со долг дострел на Куба, што во 1962 предизвика тешка криза во односите помеѓу САД и СССР позната како “Кубанска криза”.
Во меѓувреме Кастро успеа да ја зацврсти својата власт на Куба при што посебен акцент беше ставен врз обезбедувањето на основните економски и социјални права на Кубанците, во што беше постигнато несомнено многу. Инаку, и покрај тоа што кубанскиот тип на комунизам е несомнено тоталитарен, тој е еден од најмалку репресивните системи споредено како со останатите екс-комунистички земји така и со некомунистичките диктатури од Латинска Америка, често непосредно поддржани од САД
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Славни историски личности Empty
ПишувањеПредмет: Re: Славни историски личности   Славни историски личности Icon_minipostedПет Фед 16 2007, 01:02

Јасер Арафат (4 или 24 август 1929 - 11 ноември 2004) е поранешен претседател на Палестинската ослободителна организација (1969 - 2004), претседател на Палестинската самоуправа (1993 - 2004) и еден од добитниците на Нобеловата награда за мир во 1994 година. За Палестинците Арафат е еден од најголемите херои и државници, додека Израелците го сметаат за терорист. Истата поделба постои и во светската јавност, во зависност од страната што се зазема во Израелско-палестинскиот конфликт.
Јасер Арафат е роден во Ерусалим. Како студент во Египет во текот на Првата арапско-израелска војна учествува во испраќањето оружје на своите сонародници. Во 1959 година во Кувајт го основа движењето Ал Фатах, кое од 60-тите ќе доминира со Палестинската ослободителна организација.
Во 1982 за време на израелската инвазија на Либан, Арафат е принуден да замине од Либан во Тунис. Во 1988 година под американски притисок го признава правото на постоење на Израел. За време на Заливската војна го поддржуваше Ирак, а набрзо после тоа започна преговори со Израел, кои доведоа до Договорот од Осло во 1993 година. Врз основа на тој договор е основана Палестинската самоуправа, чиј прв претседател стана Јасер Арафат.
Поради склучувањето на мировниот договор во Осло, во 1994 година Арафат, заедно со Јицак Рабин и Шимон Перез, како главни промотори на Договорот од израелска страна, ја добива Нобеловата награда за мир.
Како претседател на Палестинската самоуправа, Арафат водеше долги преговори со Израел околу трајниот статус и границите на идната палестинска држава, но тие преговори завршија со неуспех во 2000 година со избувнувањето на Втората интифада. Од почетокот на интифадата до неговата смрт, Арафат не поседуваше вистинска политичка моќ и главно беше де факто заробеник на Израел поради одбивањето да замине во егзил. Умира од рак во ноември 2004 година. Околу неговата смрт во оптек е верзија дека Арафат бил отруен од страна на израелската влада.
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Славни историски личности Empty
ПишувањеПредмет: Re: Славни историски личности   Славни историски личности Icon_minipostedПет Фед 16 2007, 01:03

Владимир Илич Ленин (Симбирск, 22 април 1870 - Москва, 21 јануари 1924) (вистинско име: Владимир Илич Улјанов) руски револуционер, лидер на болшевиците и прв премиер на Советска Русија. Според неговите приврзаници неговата теорија се надоврзува на марксизмот (оттука „марксизам-лeнинизам“), а според неговите противници разликите помеѓу марксизмот и ленинизмот се преголеми за да се сметаат за единствена политичка теорија.

Живот


Во 1903 година во Брисел учествува на Вториот конгрес на Руската социјалдемократска партија, на кој доаѓа до расцеп на партијата на болшевици и меншевици, а Ленин станува предводник на болшевичкото крило. Поради репресивноста на царистичкиот режим во Русија, Ленин, како и многу други руски револуционери, е принуден догли години да живее во странство, главно во Швајцарија. Во странство го дочекува и почетокот на Првата светска војна и избувнувањето на Февруарската револуција во Русија од 1917 година, во април се враќа во Русија. Во октомври 1917 избувна Октомвриската револуција, со која беше соборена владата на Александар Керенски и беа поставени темелите на комунистичката власт во Русија, на чело со Ленин.
Намерата на Ленин и неговите приврзаници беше да изградат социјалистички поредок во Русија, кој ќе биде во прилог на работничката класа. Застапник на макијавелистичкиот принцип на целта ги оправдува средствата, Ленин не ја отфрлаше употребата и на груби методи, вклучувајќи и терор, за да ја зацврсти власта на комунистите.
На чело на Советска Русија беше до својата смрт во 1924 година. По неговата смрт со државата владееше колективно тело од неговите водечки следбеници, но по интригите помеѓу нив, на чело на државата застана Јосиф Сталин.
Во социјалистичките кругови пред да дојде на власт, а особено откако дојде на власт Ленин беше познат по својата нетолерантност кон погледите на другите луѓе.
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Славни историски личности Empty
ПишувањеПредмет: Re: Славни историски личности   Славни историски личности Icon_minipostedПет Фед 16 2007, 01:04

Бенито Амилкаре Андреа Мусолини (29 јули 1883 - 28 април 1945) владеел со Италија како дикататор од 1922 до 1943. Користејќи ја својата харизма, целосната контрола врз медиумите и застрашувањето на политичките ривали, тој го распушти постоечкиот демократски систем и формира фашистичка држава. Со влезот во Втората Светска војна на страната на нацистичка Германија, тој се поставил себеси за мета на Сојузниците, што конечно претставувало и причина за неговиот пад.
Таткото на Мусолини, Алесандро, бил ковач. Тој влијаел врз раните убедувања на својот син, така што во својата младост Бенито бил социјалист а потоа и марксист. Со појавата на синдикализмот и зголемената популарност на Фридрих Ниче, Мусолини ги сменил убедувањата, што водело кон постојани судири со општеството во кое што живеел. Учествувал во Првата светска војна, а потоа го формирал Fasci di Combattimento во чие име вооружени единици воени ветерани ги тероризирале комунистите и социјалистите.
По континуираниот неуспех на либералните влади на Џовани Џиолити, Иваное Бономи и Луиџи Факта, на 28 октомври 1922, фашистите се заканиле со марш на Рим (Marcia su Roma) и од кралот Викторе Емануеле побарале да му дозволи на Мусолини да формира влада. Кралот морал да се согласи и Фашистичката партија дошла на власт. Во следните две децении настапил црн период за Италија: Мусолини владеел неограничено, печатот бил замолчен, граѓанските слободи одземени, а била формирана и тајна полиција. Од заслепените следбеници Мусолини бил наречен Ил Дуче. Мусолини бил неосновано агресивен и храбар што го одвело во неколку дебакл-војни - во Етиопија 1935, Албанија 1939 и Грција 1941. Во 1940 се приклучил на Оската на Хитлер, но тоа бил потег од корист за Сојузниците, бидејќи италијанските трупи не биле воопшто обучени, а војниците дезертирале и не сакале да ги ризикуваат своите животи за кауза што не е нивна.
По италијанските порази на сите фронтови и англо-американското слетување на Сицилија во 1943, повеќе соработници на Мусолини се свртиле против него на состанокот на Големиот Фашистички Совет на 25 јули 1943. Кралот го повикал Мусолини во својата палата каде што му одзел овластувањата. При напуштање на палатата, Мусолини бил уапсен и испратен во Гран Сасо во целосна изолација.
На 27 април 1945, крај езерото Комо, во обид за бегство кон Швајцарија, Мусолини и неговата љубовница Кларета Петрачи биле фатени од страна на италијанските партизани. Ден потоа, на 28 април, тие биле стрелани заедно со уште 16 други министри и официјални лица на фашистичкиот режим.
Вратете се на почетокот Go down
Moscow_BoY
Администратор
Moscow_BoY


Број на мислења : 1845
Age : 33
Registration date : 2006-10-13

Славни историски личности Empty
ПишувањеПредмет: Re: Славни историски личности   Славни историски личности Icon_minipostedПет Фед 16 2007, 22:57

Феликс Едминдович
Диержински ( 1877 – 1926 ) е полски комунист, револуционер, основач на болшевичката тајна полиција ( КГБ )
Диержински е роден во аристократско семејство на имотот Диерсково, близу Ивајанец и Ракаии во
денешна Белорусија, тогаш во границите на Руската империја.
Избркан е од училиште поради `револуционерната дејност`.
Се приклучува кон марксистичката литовска социјалдемократска партија во 1895. Еден од основоположниците на социјалдемократските традиции во кралството Полска и Латвија во 1900. Голема дел од младоста ја поминува во затвори.
Уапсуван е по обвиненија за револуционерна дејност во 1897 и 1900 и е затворен во Сибир, и два пати бега. Оди во Берлин и се крие, за да учествува во неуспешната револуција од 1905 г. По тоа одново е затворен, при одењето кон Охранка. Пуштен е на слобода во 1912. Скоро по тоа е уапсен за револуционерна дејност, и е затворен во Москва.
Ослободен е во март 1917 ( според весникот правда бега ) заедно со многу други созатвореници од затворот во кои е затворен во 1912. Првото нешто што го прави е се приклучува во болшевичката партија. Со својата чесност и некорумпираност, а можеби и заради нечовечката жестокост го добива звањето Железниот Феликс.
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net
vamp-girl
верно членче
верно членче
vamp-girl


Број на мислења : 477
Age : 32
Локација : in the middle of nowhere
Registration date : 2007-02-15

Славни историски личности Empty
ПишувањеПредмет: Re: Славни историски личности   Славни историски личности Icon_minipostedСаб Фед 17 2007, 01:22

izgleda i jas zakasniv i jas sakav da pisam za hitler:(
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Славни историски личности Empty
ПишувањеПредмет: Re: Славни историски личности   Славни историски личности Icon_minipostedСаб Фед 17 2007, 01:26

Епа сеа...
Вратете се на почетокот Go down
vamp-girl
верно членче
верно членче
vamp-girl


Број на мислења : 477
Age : 32
Локација : in the middle of nowhere
Registration date : 2007-02-15

Славни историски личности Empty
ПишувањеПредмет: Re: Славни историски личности   Славни историски личности Icon_minipostedСаб Фед 17 2007, 01:30

e pa sea ti trcase da napises za site a nas ne ni ostavi. ke vidis ti:)
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Славни историски личности Empty
ПишувањеПредмет: Re: Славни историски личности   Славни историски личности Icon_minipostedСаб Фед 17 2007, 01:31

И ти Smile
Вратете се на почетокот Go down
vamp-girl
верно членче
верно членче
vamp-girl


Број на мислења : 477
Age : 32
Локација : in the middle of nowhere
Registration date : 2007-02-15

Славни историски личности Empty
ПишувањеПредмет: Re: Славни историски личности   Славни историски личности Icon_minipostedСаб Фед 17 2007, 01:40

Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Славни историски личности Empty
ПишувањеПредмет: Re: Славни историски личности   Славни историски личности Icon_minipostedСаб Фед 17 2007, 01:45

Гај Јулиј Цезар (на латински: C·IVLIVS·C·F·C·N·CAESAR) (12 или 13 Јули 100 п.н.е. – 15 март 44 п.н.е.) бил римски воен и политички водач чие освојување на Галиа Комата го проширила римскиот свет се до Атлантскиот Океан, успех чии последици се видливи и денес. Според многумина, Цезар е еден од најголемите луѓе во Стариот свет. Тој е можеби најпознатата историска личност како резултат на комбинација на човековите таленти: од командување во битка, државништво, говорништво, пишување, право, владеење, сексуалност, пријателство и разговор – тој бил одличен во сите. Имал огромна волја, храброст и целосно отсуство на омраза од било кој вид. Тој бил обожуван од страна на луѓето во Рим и прогласен за бог.
Достигањата на Цезар не се само воените походи и освојувањата. Тој всушност бил голем реформатор и основач на Римското царство, иако за прв император се смета неговиот внук од сестра, посинок и наследник Гај Октавијан. Подоцнежните императори во Рим биле ословувани со титулата „цезар“ (од која е изведен зборот „цар“ во многу европски јазици).
Што се однесува до воените походи на Цезар, тој кога дошол на власт во рамките на Првиот триумвират, Рим била само медитеранска држава, но тој освоил и присоединил Франција, Белгија, делови од Шпанија, со други зборови ја направил европска држава и бил основоположник на западна Европа каква што денес ние ја знаеме. Потоа, под власта на Цезар потпаднале делови од Германија, а се обидел да ја освои и Британија.
По враќањето од западна Европа ја започнал граѓанската војна против неговиот партнер во власта, Помпеј. Клучен елемент во оваа борба било што Цезар остварил контрола врз Египет, главниот снабдител на Рим со жито, преку марионетскиот режим на кралицата Клеопатра, последниот претставник на македонската Птоломејска династија.
Цезар е значаен и по реформите кои ги спровел во 44 година п.н.е. Тоа биле: преобликување на календарот, организирање локална управа, основање колонии, зголемување на Сенатот, спречување на инцидентите на исток и сл. Меѓутоа во екот на овие реформи тој бил убиен во заговор на многумина сенатори кои му должеле многу, меѓу кои и неговиот посинок Брут. Нивното мислење било дека Цезар, колку и да е добар за државата, не би бил прифатлив како крал. Монархијата која била цел на Цезар, била неприфатлива за конзервативните римски сенатори, кои претпочитале опстојување на републиканскиот систем на владеење, заснован на заедничка доминација на повеќе аристократски семејства, наместо на само едно од нив.
Гај Јулиј Цезар се смета за исклучително важна историска личност, без која не ќе го знаевме светот каков што е денес.
Вратете се на почетокот Go down
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 34
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Славни историски личности Empty
ПишувањеПредмет: Re: Славни историски личности   Славни историски личности Icon_minipostedСаб Фед 17 2007, 18:18

Бенито Мусолини

Славни историски личности 450px-HitlerMussolini1940
Бенито Амилкаре Андреа Мусолини (29 јули 1883 - 28 април 1945) владеел со Италија како дикататор од 1922 до 1943.

Видов има пруф ставено за мусолини но еве стив и слика и доплнив нешто!

Да додадам, кога Мусолини и Кларета Петрачи биле убиени биле обесени наопачки значи обесени за нозете за да народот да може да ги плука! Е затоа Хитлер не сакал неговото тело да остане па затоа и наредил откако ќе се самоубие да го запалат и него и Ева Хитлер.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 34
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Славни историски личности Empty
ПишувањеПредмет: Re: Славни историски личности   Славни историски личности Icon_minipostedСаб Фед 17 2007, 18:22

Славни историски личности 200px-Stalin1

Јосиф Висарионович Сталин
Јосиф Висарионович Џугашвили Сталин (21 декември 1879 - 5 март 1953) е роден во Гори, Грузија. Тој бил четврто дете во семејството кое се родило за помалку од четири години. Првите три деца умреле, па мајка му се плашела дека и тој наскоро ќе умре. Оттука може да се разбере нејзината голема преокупираност со него. Името Сталин е политичко име кое што тој си го избрал на 34 години и кое во превод значи челичен човек. Од други извори пак се вели дека надимакот Сталин го добил додека бил во затвор!

за повеќе информации - http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D1%82%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%BD
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 34
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Славни историски личности Empty
ПишувањеПредмет: Re: Славни историски личности   Славни историски личности Icon_minipostedСаб Фед 17 2007, 18:26

Владимир Илич Ленин
Славни историски личности 180px-Serov-Lenin_proclaims_Soviet_power
Ленин ја прогласува Советската република

Владимир Илич Ленин (Симбирск, 22 април 1870 - Москва, 21 јануари 1924) (вистинско име: Владимир Илич Улјанов) руски револуционер, лидер на болшевиците и прв премиер на Советска Русија. Според неговите приврзаници неговата теорија се надоврзува на марксизмот (оттука „марксизам-лeнинизам“), а според неговите противници разликите помеѓу марксизмот и ленинизмот се преголеми за да се сметаат за единствена политичка теорија.

Живот

Во 1903 година во Брисел учествува на Вториот конгрес на Руската социјалдемократска партија, на кој доаѓа до расцеп на партијата на болшевици и меншевици, а Ленин станува предводник на болшевичкото крило. Поради репресивноста на царистичкиот режим во Русија, Ленин, како и многу други руски револуционери, е принуден догли години да живее во странство, главно во Швајцарија. Во странство го дочекува и почетокот на Првата светска војна и избувнувањето на Февруарската револуција во Русија од 1917 година, во април се враќа во Русија. Во октомври 1917 избувна Октомвриската револуција, со која беше соборена владата на Александар Керенски и беа поставени темелите на комунистичката власт во Русија, на чело со Ленин.
Намерата на Ленин и неговите приврзаници беше да изградат социјалистички поредок во Русија, кој ќе биде во прилог на работничката класа. Застапник на макијавелистичкиот принцип на целта ги оправдува средствата, Ленин не ја отфрлаше употребата и на груби методи, вклучувајќи и терор, за да ја зацврсти власта на комунистите.
На чело на Советска Русија беше до својата смрт во 1924 година. По неговата смрт со државата владееше колективно тело од неговите водечки следбеници, но по интригите помеѓу нив, на чело на државата застана Јосиф Сталин.
Во социјалистичките кругови пред да дојде на власт, а особено откако дојде на власт Ленин беше познат по својата нетолерантност кон погледите на другите луѓе.

Творештво

Позначајни негови дела се:



  • „Што да се прави?“ (1902)
  • „Чекор напред, два чекора назад“ (1904)
  • „Материјализам и емпирио-критицизам“ (1908)
  • „Империјализмот - највисок стадиум на капитализмот“ (1915)
  • „Државата и револуцијата“ (1917)
  • „Пролетерската револуција и ренегатот Кауцки“ (1918)
  • „Детската болест на левичарството во комунизмот“ (1920) и други.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
vamp-girl
верно членче
верно членче
vamp-girl


Број на мислења : 477
Age : 32
Локација : in the middle of nowhere
Registration date : 2007-02-15

Славни историски личности Empty
ПишувањеПредмет: Re: Славни историски личности   Славни историски личности Icon_minipostedНед Фед 18 2007, 00:58


ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ











Славни историски личности Goce%20Delcev



Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872
година во Кукуш, денес во егејскиот дел на Македонија. Потекнува од
родољубиво македонско семејство, кое дало повеќе видни револуционери.



Основното училиште го
завршил во родниот Кукуш. Потоа извесно време работел во една кукушка
бакалница (продавница на обична стока - храна) и во гостилницата на татако
му Никола Делчев. Подоцна се запишал во IV клас во
Солунската машка егзархиска гимназија “Св. Кирил и
Методиј”. Живеел во училишниот интернат. Бил одличен
ученик. Читал доста книги со социјалистичка, револуционерна и филозофска
содржина. Бил член на Училишниот таен револуционерен кружок.




Во летото 1891 година се запишал во Военото училиште во софија, Бугарија. За
време на тригодишното школување во Софија продолжил да чита книги со
социјаистичка, а особено со револуционерна содржина. Во септември 1894
година бил исклучен од училиштето како социјалист. Всушност, Гоце добил
свидетелство дека го завршил тригодишното воено училиште, но без право на
офицерски чин.







Гоце Делчев (1872-1903)







Револуционерната
дејност на Гоце Делчев






Гоце Делчев како да го
посакувал тоа за да може целосно да му се посвети на македонското
националноослободително дело. Така, во есента 1894 година станал учител во
Штип, каде што веќе работел Даме Груев. Тука веднаш влегол во редовите на
МРО и активно се вклучил во проширувањето на организационата мрежа во
другите градови и села. На тие места Делчев создал здрави и цврсти бази на
МРО, основал канали и погранични пунктови за пренесување на оружје, муниција
и литература. При обиколката на тие места насекаде формирал месни комитети
МРО.



Во есента 1896 година
Делчев заминал за учител во Банско, Разлошко, каде што ја продолжил својата
револуционерна дејност. Меѓутоа, наскоро дал оставка на учителската дејност,
за да може целосно да се занимава со револуционерна дејност за потребите на
македонското ослободително дело.



Уште додека учителствувал во Штип и
Банско, по одржувањето на наставата, Делчев активно се занимавал со
организаторска и агитаторска дејност. Напуштајќи ги училишните простории,
особено по завршувањето на часовите, Делчев крстосувал по околните села и
градови и вршел помасовно зачленување на населенито во редовите на ТМОРО.
Така ТМОРО постепено ги префрлила градските ѕидини и се преселила и на село.
Неделните училишта за возрасни, црковните и манастирските дворови за време
на богослужбата претставувале идеални места за ширење на мрежата на ТМОРО.
Свртувајќи го вниманието на селските маси, благодарејќи пред сé на
поголемата Делчева ангажираност, се пристапило кон посмело, отворено и
помасовно влегување на народот во редовите на ТМОРО. Со тоа се подигнало
нивото на самочувството дека му се припаѓа на еден народ кој има своја
традиција и дека е дојдено време тој да се ослободи од повеќевековниот
османски поробувач.



Во пролетта 1895 година,
за време на распустот, Гоце Делчев извршил повеќе обиколки во Македонија: во
Велес, Солун, Кукуш, Дојран, Струмица, Радовиш и многу околни места во овие
градови. Во сите тие места Гоце Делчев основал месни комитети на
Организацијата и извршил масовно зачленување на населението во редовите на
ТМОРО.



Мошне значајна е Делчевата
дејност идното лето (1896 г.), кога во Солун се одржал Конгрес на ТМОРО.
Заедно со Ѓорче Петров, го изработил нацртот на уставот и правилникот на
Организацијата, која во иднина ќе се вика Тајна македонско - одринско
револуционерна организација (ТМОРО). Во Уставот, кој содржел 19 члена,
распоредени во четири глави, се следи политичката програма на македонското
ослободително дело. Според него, Организацијата е “внатрешна”
македонска (со вметнување на Одринско, кое сé уште не било ослободено од
османлиите), која единствено ќе раководи со ослободителното дело на
Македонија. Издигнувајќи го принципот на самостојност, независност и
сувереност на Организацијата, без некакви надворешни попсегнувања и мешања,
а особено оние кои што доаѓале од софискиот Врховен македонски комитет, била
прокламирана целосна политичка автономија на Македонија и Одринско. Во таа
смисла, според Член 1 од Уставот, се предвидувало дека ТМОРО има за цел да
ги обедини во едно, сите незадоволни елементи во Македонија и Одринско, без
разлика на народност, преку револуција, за извојување на политичка
автономија. Значи со Уставот се трасирале патиштата за натамошниот развој на
македонската ослободителна борба, дека патот кон слободата на македонскиот
народ води само преку револуција, која ќе изврши коренити промени во
општествено - политичкиот и социјалниот систем во земјата, но и во свеста на
македонскиот народ.



Во периодот од 1896 до
1901 година Гоце Делчев, заедно со Ѓорче Петров, бил задграничен претставник
на ТМОРО во Софија. Во оваа дипломатска мисија двајцата основоположници на
Организацијата, во Бугарија настојувале да ја заштитат македонската
ослободителна борба од ВМК во Софија и од освојувачките стремежи на
бугарскиот двор.



Од 1897 година, па сé до
смртта, во својство на општопризнат основоположник на четите на
Организацијата и инспектор на револуционерните окрузи, Гоце Делчев праве
повеќе обиколки низ Македонија, во повеќе правци и по неколку пати
повторувања. Во историската наука е познат “Големиот
поход на Гоце Делчев во 1901/1902 година во централна, западна и јужна
Македонија”. Станува збор за Делчевата ревизија и
организационата мрежа на ТМОРО, почнувајќи од Радовишко, преку Тиквешијата,
во Прилепско и Битолско, завршувајќи во Леринско и Костурско.



Во почетокот на 1903
година Гоце Делчев со својата чета ги обиколил Серско и Струмичко. Во април
истата година патувал за Солун со намера да го разубеди Даме Груев да го
смени решението за кревање на предвремено и недоволно подготвено востание во
Македонија. Не успевајќи во тоа, и доста разочаран, на враќање, за да земе
учество на Серскиот окружен конгрес, предаден и следен, загинал на 4 мај
1903 година кај селото Баница, Серско.



Целиот свој краток 31
-годишен богат и плоден живот Гоце Делчев го посветил на самостојноста и
самобитноста на македонското националноослободително движење, за подоброто
утре на својот народ. Поради сето тоа, тој голем син на македонскиот народ
зазема најзначајно - врвно место во историјата на Македонија.



Гоце Делчев водел
непомирлива борба за ослободување на Македонија од стегите на османското
владеење, потоа против посегнувањето на големобугарската завојувачка
политика и на балканските земји во Македонија. Во таа смисла, неговата
револуционерна девиза била борба за автономија на Македонија во рамките на
Османската држава, како преодна фаза кон конечно ослободување на Македонија.
Тоа значи дека тој го воспитувал македонскиот народ врз принципите на
македонската автономија како услов за братско сожителство на слободните
балкаснски народи. Оттаму, мошне јасна е неговата позната изрека: “Јас
го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите”.



Со својата храброст и
личен пример, овој голем македонски син го будел духот за слобода на
поробениот македонски народ, неговите чувства за самостоен живот, а со тоа
ги продолжувал револуционерните традиции за национално и социјално
ослободување. Затоа, неговото станало светол симбол, легенда во натамошните
борби на македонскиот народ за извојување на слобода на татковината, поради
што народот го опеал во народните песни.
Вратете се на почетокот Go down
Slash
Форум Манијак
Slash


Број на мислења : 1130
Age : 33
Локација : Skopje
Registration date : 2006-10-16

Славни историски личности Empty
ПишувањеПредмет: Re: Славни историски личности   Славни историски личности Icon_minipostedНед Фед 18 2007, 02:02

Поштоме мрзи да барам можете да ставите нешто за Пабло Ескобар. Типот дефинитивно заслужува.Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
http://www.korcagin.macedonianforum.net
Efi
верно членче
верно членче
Efi


Број на мислења : 338
Age : 33
Локација : Ни јас не знам
Registration date : 2006-11-13

Славни историски личности Empty
ПишувањеПредмет: Re: Славни историски личности   Славни историски личности Icon_minipostedНед Фед 18 2007, 23:38

Расѓепкајте нешто за калигула вреди да се види
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Славни историски личности Empty
ПишувањеПредмет: Re: Славни историски личности   Славни историски личности Icon_miniposted

Вратете се на почетокот Go down
 
Славни историски личности
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 2Отиди на страна : 1, 2  Next
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Наука :: Историја-
Отиди до: