Убиствата на Политковскаја и Литвиненко заговор против Путин
МОСКВА, 19 јануари (Ројтерс) - Висок советник на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека убиствата на новинарката Ана Политковскаја и некогашниот шпион Александар Литвиненко се дел од напад на моќни групи против шефот на државата. Смртта на Литвиненко во Лондон на 23 ноември предизвикана од труење од полониум следеше по убиството на истакнатата новинарка Ана Политковскаја во Москва. И двајцата беа силни критичари на Путин.
"Полониумот-Литвиненко-Политковскаја се сите поврзани меѓу себе", изјави советникот на Путин, Игор Шувалов, во Берлин. "Постојат силни групи кои се здружиле заедно за постојано да ја напаѓаат политиката на претседателот и него лично", изјави Шувалов. "Ваквите убиства не се во наш интерес".
Убиствата на Литвиненко и Политковскаја предизвикаа сомневања во Русија за политичката стабилност што Путин ја воведе по хаосот во 1990-тите години и распадот на Советскиот Сојуз. Кремљ ја нарече бесмислена изјавата што Литвиненко при здрав разум ја даде на смртната постела обвинувајќи го Путин за својата смрт. Убиствата го нарушија имиџот на Путин надвор од државата и ги затегна односите на Москва со ЕУ и САД.
Инаку не знам дали знаете ќе се снима дилм за Литвенко...