Уште 5 минутиУтринската
смена во училиштата е сурова за тинејџерите и наместо тоа ним треба да
им биде дозволено да ги почнуваат часовите од пладне, порачува еден
водечки британски мозочен доктор, според кого учениците можат да
постигнат многу повеќе доколку имаат повеќе време за одмор.
Професорот
Расел Фостер од Оксфорд, смета дека намќорестите ученици имаат сосема
различни навики на спиење од возрасните, што ги први нив поподготвени
во пладневните часови отколку наутро. Кај овие случаи утринската
настава може да доведе до повеќе грешки, слабо памтење и намалена
мотивација.
Тој како пример ги навел германските и американските
училишта кои го поместиле почетокот на часовите, како резултат на што
учениците покажале подобар успех на испитите и намалена стапка на
бегање од часови и депресија.
Форестер објаснува дека
прогресивно со текот на годините учениците се подоцна стануваат целосно
будни. Ваквиот шаблон трае се до 20 години, кога тој тргнува во
спротивен правец заради што и возрасните се посвесни наутро.
"Внатрешниот
часовник на тинејџерите доцни 2 до 4 часа поради што тие стануваат
навистина функционални дури на пладне," објаснува Форестер, кој тврди
дека овој проблем е посебно изразен во Британија каде голем број од
учениците имаат и хонорарна работа