Бубалици за ГинисОтспале
само по околу четири часа и само еден од нив добил запаление на грлото.
Вкупно шестмина средношколци на глас читалe книги цели шест дена. Па
добро, каде оди оваа младина?
6-темина
ученици успеале да го соборат ланскиот рекорд од 117 часа маратонско
читање добивајќи овации од присутната публика составена од горди
роднини, задоволни професори и љубоморни но наспани соученици.
"Воопшто
не сме уморни и вечерва ќе имаме забава со семејствата а потоа одиме на
спиење. Утре сме на училиште," штреберски изјавил еден од маратонците.
Маратонот,
во смени од по еден час, започнал со книгата "Храбриот нов свет" од
Хаксли, следеле шесте тома на Хари Потер а се финиширало со Кетрин
Петерсон и Др. Сеус.
На паузите читачите играле пинг-понг, карти и решавале крстозборки а за цело време спиеле помалку од четири часа.
"Изминативе
шест дена, читањето беше навистина кул работа. Многумина рекоа дека
читале заедно со маратонот. Ако ништо друго, барем покажавме дека
телевизорите некогаш можат и да се угасат," изјави директорот на
училиштето.