Корчагин форум
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Корчагин форум


 
HomeHome  GalleryGallery  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Правила на форумот

Go down 
АвторПорака
High_Voltage
Администратор
High_Voltage


Број на мислења : 458
Age : 33
Registration date : 2006-10-14

Правила на форумот Empty
ПишувањеПредмет: Правила на форумот   Правила на форумот Icon_minipostedСаб Окт 14 2006, 21:49

1) Регистрацијата на форумот е бесплатна! Секој има право на регистрирање и избор на корисничко име. Со самото регистрирање, членот се обврзува дека никогаш нема да го посредува своето корисничко име или својата лозинка на други членови или лица.
Исто така, членот се согласува дека никогаш нема да користи две или повеќе членски имиња при пишувањето или разгледувањето на форумот.


2) Корчагин се обврзува дека ќе ја почитува приватноста и анонимноста на своите членови и гарантира дека вашите податоци нема да ги посредува на трети лица. При вашето регистрирање на Форумот Корчагин, потребни ви се валидна електронска пошта и лозинка. Останатите податоци се по ваш избор.


3) "Корчагин" може да разоткрие нечии податоци ако се сомнева дека членот јавно ја загрозува безбедноста на податоците и на самиот форум. Со секоја ваша посета на PJK Форум, вашата IP адреса се снима.


4) Членот се согласува дека нема да се служи со материјал кој е лажен, клеветнички, злоупотребен, вулгарен, полн со омраза (расна, национална, сексуална, културна или лична), вознемирувачки кон другите членови и материјал кој ја повредува приватноста на членовите.


6) Рекламирање во сопствен интерес нема да се толерира. Секој линк кој води кон друга интернет страница и претставува тенденциозно рекламирање на истата ќе биде избришан.


7) Членот се согласува дека нема да нуди линкови кои водат до страни кои содржат вируси, тројанци и друг материјал кој може да наштети на "Корчагин" и членовите.


Cool Модераторите и администраторите на форумот имаат целосно право (и должност) да ги избришат сите информации приложени на форумот со кои се кршат правилата.
Тоа вклучува секакви содржини објавени на форумот и галеријата, информации за корисникот, аватари, потписи, па дури и целото корисничко име - доколку тие одлучат дека тоа е потребно.


9) Членот не смее да ги уништува темите на форумот со други информации кои не се поврзани со темата, лични муабети и слично. За се што не е поврзано со темите на форумот, постојат приватните пораки.


10) Основен јазик на форумот е македонскиот, а препорачливо е користење на кирилица.
Како втор јазик е англискиот, кој треба да биде служен само од корисниците кои не го знаат македонскиот јазик. Доколу корисникот го познава македонскиот јазик, сите мислења напишани на друг јазик ќе му бидат избришани.


11) Кршењето на правилата на форумот може да резултира и ќе резултира со бан, односно забранет пристап на страниците. За времетраењето на забраната одлучуваат администраторите на форумот, а членот ќе биде известен за причината и рокот на истекување.


12) Банираните членови, односно членовите со забранет пристап на форумот (привремено или трајно) не смеат да отворат ново членство.
Доколку тоа се случи, тие ќе бидат трајно банирани или избришани.


13) Ако при кршењето на правилата се повредени законите на Република Македонија или некоја друга држава, доколку е потребно, администраторите може да соработуваат со сите домашни и странски правни институции, откривајќи ги сите потребни информации на прекршителот (IP адреса, e-mail...).


14) Сите мислења (и информации) објавени од членовите претставуваат лични ставови на членовите, а не на сопствениците на форумот.


15) Сите прашања во врска со "Корчагин", форумот, правилата, ваши предлози, критики и сугестии може да ги објавите во форумот Корчагин каде ќе добиете одговор во најскоро можно време.
Не "трчајте" по администраторите и модераторите насекаде на форумот, за прашања обратете се во форумот наменет за тоа.


16) "Корчагин" го задржува правото на промена на правилата, но се обврзува дека тие ќе бидат соопштени во најбрз можен рок.
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/
 
Правила на форумот
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Корчагин-
Отиди до: