Корчагин форум
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Корчагин форум


 
HomeHome  GalleryGallery  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Скендербег

Go down 
2 posters
АвторПорака
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Скендербег Empty
ПишувањеПредмет: Скендербег   Скендербег Icon_minipostedСаб Јан 06 2007, 16:45

По битката кај Светиград светот потонал во мрак
Светиград бил еден од најголемите градови во оската Солун - Охрид - Драч. Неговите остатоци денес може да се забележат источно од денешен Дебар, веднаш над селото Коџаџик, што во превод од турски јазик значи „голема војна“ (Коцацикун).

И со право денешното село под Светиград го носи тоа име, зашто најжестоката борба меѓу Георгија Кастриот и османлиите се водела токму кај бедемите на Светиград, но и кај Коњух (денешен Елбасан) и кај Белград (денешен Берат).

Во тие битки надмоќта на војските на кнезот Георгија дошла до целосен израз. Не само што биле освоени стратегиски важни позиции и тврдини туку тие биле целосно разорени и уништени. За 12 дена бил освоен поголемиот дел од окупираните територии во западна Македонија, вклучувајќи го и пределот Горни Дебар со тврдината Светиград, кои претходно ги освоиле османлиите.

Набргу неговите војски стасале дури до пределот Аргирокастро и Валона, во јужниот дел од земјата, каде што биле поставени шатори. Тоа било прво воено крштавање на Мијакот Георгија Кастриот со турските окупаторски војски, пишува во книгата на д-р Петар Поповски.

Нападот врз турските војски почнал во март 1444 година. Тогаш била пробиена демаркациската линија, која Кнежеството Епир и Македонија го раздвојувала од окупираните територии, а се наоѓала во долината Куша, јужно од реката Матка.

Во летото продолжиле големите воени операции на Георгија. Во јуни 1444 година се одиграла една од најкрвавите битки во историјата на човековата цивилизација, и тоа токму во Дебарско Поле под тврдината Светиград. На крајот од битката на бојното поле останале мртви повеќе од 30.000 османлиски војници, а колежот инспирирал многу светски поети и историчари од чии пера се напишало дека по битката светот потонал во мрак.

Еве што се случило под Светиград: по еден судир на Георгиевата војска со османлиите во регионот на Скопје, останале да лежат мртви 1.700 Турци. Овој настан предизвикал огорченост кај османлиските власти во Одрин и презеле конечни чекори за да го освојат Епирското Кнежество. Го одложиле за извесно време освојувањата на српските и на унгарските земји и се свртеле кон запад за да го решат Гордиевиот јазол - Кнежеството на Георгија Кастриот. Тоа претставувало главна пречка за напредување на турските воени ефективи кон Западна Европа. Султанот Мурат Втори, кој се заколнал дека ќе ја фрли чалмата ако не го освои Епирското Кнежество и не го убие кнезот Георгија, на крајот на јуни 1444 година во западна Македонија го испратил својот воен стратег Али-паша со 40.000 војници, со надеж дека ќе го реши тој јазол. Прво бил нападнат духовниот центар Светиград, сметајќи го ова стратегиско место како клуч за освојување на Кнежеството на Георгија. Меѓутоа, се соочил со силниот отпор на месната одбрана, се откажал и продолжил кон Дебар, надевајќи се дека полесно ќе може да напредува кон север. Сепак тие негови прогнози не се оствариле.

Во Дебарско Поле бил пречекан со ненадеен жесток напад од малите, но вешти и борбени единици на Кастриот.

Османлиите биле целосно разбиени. На тоа место повеќе од 30.000 турски војници лежеле мртви. Целото поле под Светиград било преплавено со крв. Во секоја минута се сечеле по повеќе од 600 човечки глави. Битката траела само три часа!

Величината на Георгија Кастриот била во тоа што со само 12.000 добро обучени војници и се спротивставил на армија со повеќе од 40.000 војници, исто како кога Александар Македонски со мала војска се борел против персискиот цар Дариј. Поради тоа османлиите почнале да го викаат Искендер (арапско-турски пандан за името Александар).

На повеќе места во современите турски хроники се вели: „Искендер ги пресече сите проодни места, излезните патишта ги попречи со непроодни бедеми, како Александар Велики“.
Вратете се на почетокот Go down
Night Crawler
искусно членче
искусно членче
Night Crawler


Број на мислења : 247
Age : 32
Локација : nekade
Registration date : 2007-01-26

Скендербег Empty
ПишувањеПредмет: Re: Скендербег   Скендербег Icon_minipostedПет Мар 09 2007, 22:52

Kako site okolni drzavi sto gi prisvojuvaat nasite vojskovodci taka i nie mozeme da kazeme deka SKENDERBEG e nas
Вратете се на почетокот Go down
 
Скендербег
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Наука :: Историја-
Отиди до: