Корчагин форум
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Корчагин форум


 
HomeHome  GalleryGallery  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Каде сме ние?

Go down 
3 posters
АвторПорака
zoko
Модератор
zoko


Број на мислења : 196
Age : 33
Локација : далеку во облаците
Registration date : 2006-10-30

Каде сме ние? Empty
ПишувањеПредмет: Каде сме ние?   Каде сме ние? Icon_minipostedЧет Јан 04 2007, 21:01

Борбата за местото регионален лидер помеѓу аеродромите се повеќе се разгорува. Аеродромите во Белград и во Загреб речиси рамноправно се кандидираат за оваа позици1ја, а во трката не треба да се занемари ни Љубљанскиот, кој во минатата година интензивно работеше на развојот, посебно на товарниот промет, објави хрватскиот весник „Пословни“. Загребскиот аеродром има перспектива и големи развојни планови, Белград веќе тргна во темелна реконструкција, а Љубљана го бара своето место најмногу со карго прометот. Работењето во првите десет месеци од 2006 покажува дека аеродромите за разлика од повеќето авиокомпании станаа многу вносен бизнис. Се побројните летови и патници им носат зголемен приход, додека растечките трошоци за гориво и јакнењето на конкуренцијата негативно влијаат на добивката на авиопревозниците. На аеродромот „Плесо“ во Загреб лани се регистрирани 1,45 милиони патници, што е за 9,6 отсто повеќе од 2005, а бројот на летовите е зголемен на 34.688, што е 8,5 отсто повеќе. Во Хрватска има девет аеродроми, а во Загреб се прифатени една третина од патниците. Преку аеродромите „Никола Тесла „ и „Брник“, во Белград и во Љубљана, оди целокупниот авионски превоз во овие земји. Во Загреб многу очекуваат од амбициозниот план за изградба на нов терминал, кој ќе чини 212 милиони евра. Американската компанија „Дин корп“ ја откажа инвестицијата од 100 милиони долари во карго центар на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград. Србија го раскина договорот со Американците бидејќи тие побарале негово менување и најави нов конкурс. Профитот на белградскиот аеродром во изминатите 2,5 години е зголемен од еден милион на девет милиони евра. Во 2006, бројот на патниците изнесуваше 2,03 милиони, а на летовите 40.000. Приходите се поголеми за 21 отсто, а продуктивноста по вработен за 41 отсто, што е голема болка за загребскиот аеродром кој има солидни приходи, но поради вишок вработени има помала добивка. На аеродромот во Љубљана во првите десет месеци од 2006 имаше 1,17 милиони патници, што е 10 отсто повеќе од претходната година. На „Брник“ се регистрирани 24.424 летови, а најголем пораст има кај товарниот превоз од 24 отсто. Управата на аеродромот очекува во идната година поголем број на патници за седум отсто, 16 отсто повеќе товар и 14 отсто повеќе авиони.izvor: vest
Вратете се на почетокот Go down
Moscow_BoY
Администратор
Moscow_BoY


Број на мислења : 1845
Age : 33
Registration date : 2006-10-13

Каде сме ние? Empty
ПишувањеПредмет: Re: Каде сме ние?   Каде сме ние? Icon_minipostedПет Јан 05 2007, 16:28

Ние нигде не сме... Сурчин или сега Никола Тесла за нас е Хитроу....
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net
DJ_Stole
верно членче
верно членче
DJ_Stole


Број на мислења : 637
Age : 33
Локација : Скопје
Registration date : 2006-10-16

Каде сме ние? Empty
ПишувањеПредмет: Re: Каде сме ние?   Каде сме ние? Icon_minipostedПет Јан 05 2007, 20:58

abe znaes deka nikola tesla e po tatkovo poteklo od veles
Вратете се на почетокот Go down
http://www.goal.com
Moscow_BoY
Администратор
Moscow_BoY


Број на мислења : 1845
Age : 33
Registration date : 2006-10-13

Каде сме ние? Empty
ПишувањеПредмет: Re: Каде сме ние?   Каде сме ние? Icon_minipostedСаб Јан 06 2007, 13:44

Ееее сеа по стрина од комшијата, бил од кај бил, што има врска тоа. Само ние треба повеќе да обраќаме внимание на тоа колку и како правиме нешто, одколку да преименуваме нешта кои практично не постојат...
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net
Sponsored content





Каде сме ние? Empty
ПишувањеПредмет: Re: Каде сме ние?   Каде сме ние? Icon_miniposted

Вратете се на почетокот Go down
 
Каде сме ние?
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Спорт :: Авијација-
Отиди до: