Корчагин форум
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Корчагин форум


 
HomeHome  GalleryGallery  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Познати уметници од минатото и денешницата

Go down 
5 posters
АвторПорака
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Познати уметници од минатото и денешницата Empty
ПишувањеПредмет: Познати уметници од минатото и денешницата   Познати уметници од минатото и денешницата Icon_minipostedПет Дек 29 2006, 20:19

Тука може да ставате податоци за некои уметници
Вратете се на почетокот Go down
Moscow_BoY
Администратор
Moscow_BoY


Број на мислења : 1845
Age : 33
Registration date : 2006-10-13

Познати уметници од минатото и денешницата Empty
ПишувањеПредмет: Re: Познати уметници од минатото и денешницата   Познати уметници од минатото и денешницата Icon_minipostedПет Дек 29 2006, 20:51

Продолжете со дикусијата, зошто моментално избришав цела офф топик страна.
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Познати уметници од минатото и денешницата Empty
ПишувањеПредмет: Re: Познати уметници од минатото и денешницата   Познати уметници од минатото и денешницата Icon_minipostedСаб Дек 30 2006, 18:47

Вангел Коџоман


Роден е на 14 февруари 1904 година во Струга. Во 1923/24 го дина матурирал во Охридската гимназија. Во 1924-1928 го завршил наставниот оддел на Уметничката школа во Белград (проф. Бета Вукановиќ, Љуба Ивановиќ, И. Шобаиќ). Во 1928 година го продолжил студирањето на двегодишниот академски курс за чиста уметност кај проф. Милан Миловановиќ. Кон крајот на школувањето бил на покус студиски престој во Италија. По отслужувањето на деветомесечниот воен рок во Сараево во 1931 година стапил во служба како ликовен педагог во Охридската гимназија. Од 1929, особено од 1936 г. До почетокот на Војната учествувал во пролетните изложби на сликарски и скулпторски дела на југословенските уметници и на есенските изложби на белградските уметници во Белград. Во 1937 г. Учествувал на изложбата на независните сликари во Белград, наречена „бојкоташка". Во 1938-39 г. Во Белград добил место на професор по ликовно воспитание во Седмата машка гимназија, каде останал до 1945 г. Учествувал во културниот, уметничкиот и спортскиот живот. Во месец октомври, неколку дена по ослободувањето на Белград, стапил како воен сликар на должност шеф на Одделот за пропаганда при Главниот штаб на Македонија за ширење на ликовната уметност во војската и народот на која останал шест месеци, до први јуни 1945 г. По демобилизирањето, кон крајот на септември 1945 г. Дошол во ослободеното Скопје каде се вработил како професор во Средната художествена школа која во 1948 г. Го добива називот Училиште за применета уметност. Таму работел во 1952 г. Вангел Коџоман е еден од основачите на Друштвото на ликовните уметници на Македонија во Скопје и долгогодишен член на неговата управа.
Од 1945 г. Учествувал на изложбите на ДЛУМ во Скопје и во другите југословенски центри, како и на разни тематски изложби. Од 1952 г. Започнал да работи како професор на Вишата педагошка школа во Скопје, каде до 1972 г. Предавал сликарство и методика на ликовното воспитание. Учел повеќе генерации млади уметници и педагози. Во 1953 г. Заедно со Личеноски и Мартиноски ја претставувал македонската ликовна уметност на големата изложба „Половина век на југословенското сликарство, 1900-1950" во Модерната галерија во Загреб. Во 1955-56 г. Остварил четиримесечен студиски престој во Париз. Во неговиот Дневник ќе запише: „По престојот во метрополата моите настојувања стануваат се посмели и поафирмативни, ро извесно надградување и формирање на творечкиот инстинкт". Во 1974 г. Во Струга ја отворил постојаната тематска изложба-легат Струга во минатото, сместена во Спомен-куќата на Вангел Ко џоман, со околу 30 масла и акварели. Во 1975 г. е избран за дописен член на МАНУ. Редовен член е 1981 г. Носител е на наградите: Октомвриска награда на СРМ за животно дело - 1969; Осмоноемвриска награда на Струга - 1975; АВНОЈ - 1979; 13 Ноември на град Скопје - 1981.
Вратете се на почетокот Go down
NaTaLi
Модератор
NaTaLi


Број на мислења : 775
Age : 33
Локација : у соби где умире дан
Registration date : 2006-10-13

Познати уметници од минатото и денешницата Empty
ПишувањеПредмет: Re: Познати уметници од минатото и денешницата   Познати уметници од минатото и денешницата Icon_minipostedПон Јан 01 2007, 18:16

Енди Ворхол

Енди Ворхол (роден Ендру Ворхола, 6 август 1928 - 22 февруари 1987) е американски сликар, режисер, издавач и лидечка фигура во поп арт движењето.

Ворхол потекнува од Питсбург, Пенсилванија, САД. Неговите родители се имигранти од Микова (североисточна Словачка). Тој рано покажува уметнички талент, а подоцна студира комерцијална уметност на Карнеги институтот за технологија (денес познат како Карнеги Мелон Универзитет) во Питсбург. По дипломирањето во 1949, се сели во Њу Јорк и почнува успешна кариера како илустратор за магазини и реклами. Станува познат главно по неговите цртежи на чевли, остварени во слободен, замачкан стил.

На почетокот од 1960, почнува да прави платна на познати американски производи како конзервите Campbell's супа и Кока-кола. Постепено се префрла на печатени, обидувајќи се не само да прави дела од масовно произведени предмети, туку воопшто, масовно да произведува уметност. Тој вработува и надгледува „уметнички работници“ ангажирани во правење на слики, чевли, филмови и друго во неговото студио, познато како „Фабриката“.

Фабриката

Фабриката, лоцирана на 221 East 47th Street во Менхетен е студиото на Ворхол од 1963 до 1967, по што се сели на 33 Union Square West на крајот од 1967 кога првата зграда е срушена. Фабриката е популарно збиралиште на уметнички типови, корисници на амфетамини и т.н. „Ворхол суперѕвезди“ (група постојани филмски соработници). Меѓу другите, тука се и Мик Џегер, Дејвид Боуви и Лу Рид, чиј рок бенд The Velvet Underground ќе стане познат под менаџерската палка на Ворхол. Во продолжение, од 1963 до 1968, во Фабриката се симнаат преку 60 филмови, претежно од експериментална природа. Најпознатиот од нив, Спиење покажува човек како спие 8 часа.

На 3 јуни 1968, Валери Соланас, редовен работник во Фабриката, пука три пати во Ворхол, притоа тешко ранувајќи го. Причината што Соланас ја наведува е дека Ворхол „имал преголема контрола врз нејзиниот живот.“ Ворхол набрзо и простува.

’70-ти и ’80-ти

Во текот на ‘70-те и ‘80-те, Ворхол е главно познат по неговите масовно произведувани портрети на поп икони како Елвис Присли, Мерилин Монро, Мао Це Тунг и др. Во истиот период тој издава и 3 книги, најпозната од кои е „Филозофијата на Енди Ворхол: од А до Б и назад.“ Неговите популарни врски продолжуваат, па така тој се поврзува и со Blondie и Duran Duran.

Постојат повеќе легенди околу Ворхол, повеќето од кои потекнуваат од самиот него. Тој сепак важи за тивок и внимателен набљудувач. Неговите обидувања околу уметноста се слични на оние на Марсел Дишам - според него, се е уметност. Ворхол е еден од ретките славни лица во тој период што отворено ја носи својата хомосексуалност и тој често им ги посветува своите дела на пријатели и љубовници. Тој исто така е и тврдокорен колекционер на секој предмет што има врска со него, од писма на обожаватели до новинарски статии за него, така што своите колекции ги пакува во нумерирани кутии што никогаш не ги отвара. Според него, тоа се „временски капсули“. Истите се и ден денес предмет на изучување во Енди Ворхол музејот во Њу Јорк.

Енди Ворхол умира при рутинска операција на мочниот меур на 58 години. По неговата смрт Sotheby's на аукција продава дел од неговиот имот за преку 20 милиони долари.
Вратете се на почетокот Go down
BIG_M_UNDERGROUND
верно членче
верно членче
BIG_M_UNDERGROUND


Број на мислења : 323
Age : 32
Registration date : 2007-04-08

Познати уметници од минатото и денешницата Empty
ПишувањеПредмет: Re: Познати уметници од минатото и денешницата   Познати уметници од минатото и денешницата Icon_minipostedНед Апр 29 2007, 13:13

Леонардо да Винчи



Познати уметници од минатото и денешницата 495px-Leonardo_da_Vinci


Леонардо да Винчи



Леонардо да Винчи (15 април 14522 мај 1519) е италијански ренесансен архитект, музичар, анатомист, изумител, инжинер, скулптор, и сликар. Тој е опишуван како архетип за „Ренесансен човек“ и како универзален гениј. да Винчи е познат по неговите мајсторски платна како Тајната вечера и Мона Лиза.
Тој е исто така познат по дизајнирањето на различни изуми предвесници
на современата технологија но кои ретко биле конструирани за време на
неговиот живот.
Вратете се на почетокот Go down
Efi
верно членче
верно членче
Efi


Број на мислења : 338
Age : 32
Локација : Ни јас не знам
Registration date : 2006-11-13

Познати уметници од минатото и денешницата Empty
ПишувањеПредмет: Re: Познати уметници од минатото и денешницата   Познати уметници од минатото и денешницата Icon_minipostedВто Aвг 14 2007, 01:22

Да Винчи ми е меѓу омилените после Модилијани и Пикасо, а бидејќи веќе го спомнавте Да Вин4и еве нешто и за Модилијани...

Модилијани е шпански сликар, во времето на Пикасо, и негов голем конкурент, поголем и од самиот пикасо. не се знае мн за него. роден е во блегородничко семејство при распаѓање, мајка му умира и тој останува сам со татко му. Налудничав и со страст за цртање, се истакну со сензуалноста, слободата и еротиката во своите слики.
Омилен е меѓу уметничките кругови поради шегобецот во него. сакал да пие и пиел, ама локал човекот. Се чуствува изгубено и го бара детето во себе. умира пред да ја види својата победа на важен ликовен натпревар, каде го победува Пикасо.
Интересна е случката кога полицијата сака да ги конфискува неговите слики поради изразената голотија и неприличните жени кои се насликани, а човекот сакал да провоцира бидејќи една слика била закачена на прозорецот за да привлече посетители. Иначе тоа е прва самостојан изложба а воедно и негова единствена..

за заинтересираните - земете го филмот Модилијани со Енди Гарсија
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Познати уметници од минатото и денешницата Empty
ПишувањеПредмет: Re: Познати уметници од минатото и денешницата   Познати уметници од минатото и денешницата Icon_miniposted

Вратете се на почетокот Go down
 
Познати уметници од минатото и денешницата
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Култура :: Уметност-
Отиди до: