Корчагин форум
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Корчагин форум


 
HomeHome  GalleryGallery  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Астрономија

Go down 
+7
S|m0n4e
Moscow_BoY
Slash
High_Voltage
Proof
*@ne*
smiley :)
11 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8
АвторПорака
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Астрономија - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Астрономија - Page 8 Icon_minipostedЧет Апр 26 2007, 13:16

Откриена првата екстрасоларна планета која наликува на Земјата


Откриена е првата екстрасоларна планета која во голема мера наликува на нашата Земја, што значи дека на неа постојат теоретски услови за појава и развој на живот. Оваа планета орбитира околу ѕвездата Gliese 581, која од нас е оддалечена 20 светлински години и се наоѓа во насока на соѕвездието Вага (Libra). За сега, планетата е позната под ознаката Gliese 581 c.







Астрономија - Page 8 Gliese581c_ESP_art


Околу ѕвездата Gliese 581 за сега се познати три планети. Едната од нив е Gliese 581 с, која ја комплетира својата орбита за само 13 дена и по многу нешта наликува на нашата Земја (уметнички приказ)

Новооткриената планета има околу пет пати поголема маса од Земјата. Научниците сè уште не се сигурни дали се работи за карпесто тело или планета претежно изградена од мраз. Доколку Gliese 581 c е планета од карпест тип, тогаш нејзиниот дијаметар е околу 1,5 пати поголем од дијаметарот на нашата планета. Но, доколку се работи за замрзната „топка“, тогаш дијаметарот би можел да биде и поголем. Се проценува дека површинската температура на планетата се движи во границите од 0 до 40° С, што е совршено за појава на живот.
За сега не постојат никакви физички докази за тоа дека на оваа планета има вода во течна состојба, што е уште еден важен предуслов за појават на живот. Но, според актуелните теоретски модели за формирање на планетите, Gliese 581 c е одличен кандидат за свет со течна вода.
Од сите 220 екстрасоларни планти, откриени досега, ова е дефинитивно првата која пројавува најголема сличност со Земјата. Другите или се премногу топли, или премногу студени, или премногу големи или, пак, гасовити џинови како Јупитер.
Откритието го направи тим од 11 европски научници, со помош на телескопот на Европската јужна опсерваторија (European Southern Observatory - ESO) во Ла Сиља, Чиле. Овој телескоп е опремен со специјален инструмент, со кој може да се детектираат и најмали треперања кај некоја набљудувана ѕвезда, предизвикани од присуството на планета во системот. Тимот е составен од астрономи од неколку универзитети од Швајцарија, Франција и други европски држави. Интересно е тоа што во изминативе неколку години два тима, овој и уште еден од Соединетите Американски Држави, буквално се натпреварувале во тоа кој прв ќе открие земјолика екстрасоларна планета.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
 
Астрономија
Вратете се на почетокот 
Страна 8 of 8Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Наука :: Образование и Наука-
Отиди до: