Корчагин форум
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Корчагин форум


 
HomeHome  GalleryGallery  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 НБА теории: одбрана или напад?

Go down 
4 posters
АвторПорака
DJ_Stole
верно членче
верно членче
DJ_Stole


Број на мислења : 637
Age : 33
Локација : Скопје
Registration date : 2006-10-16

НБА теории: одбрана или напад? Empty
ПишувањеПредмет: НБА теории: одбрана или напад?   НБА теории: одбрана или напад? Icon_minipostedПет Ное 17 2006, 00:06

Летово, Чикаго Булс го прибраа Бен Волис, одличен дефанзивец кој можеби
е најлошиот шутер во професионалната кошарка. Овој потег беше примен со
скептицизам, делумно и поради големата возраст (32 години) и плата на
играчот. Но тоа е и резултат на општо прифатеното убедување дека во
оваа ера на атомски НБА напаѓачи, на Чикаго повеќе му се потребни
играчи што ќе поентираат одошто некој што ќе ја засили ионака солидната
одбрана. „Ако мислат да се натпреваруваат за титула во 2007 со тим што
е направен за правилата од 2003, Господ нека ги благослови“, се вели во
еден коментар на ESPN.com.

По сезоната 2003/04, НБА забрани
хенд-чекинг надвор од зоната за два поени. Од лигата се надеваа дека
ако му се застане на пат на туркањето и грабањето, офанзивните ѕвезди
ќе можат повеќе да се движат, повеќе да поентираат и да креираат
естетски поубава и попријатна игра за гледачите.

Бројот на
поените по натпревар, според намерата се зголеми. Тоа пак ги натера
аналитичарите да заклучат дека одбраната е помалку битна од порано.

„промените
на правилата во последните неколку децении предизвикаа дефанзивно
ориентираните тимови да чекорат по патот на диносаурусите“ или „сега
можеш со просечна одбрана да освоиш титула, но мораш да имаш добар
напад, а порано беше обратно“, се некои од коментарите што ги
отсликуваат споменатите масовно прифатени (и погрешни) заклучоци.

Се
разбира дека новите правила го отежнуваат играњето одбрана. Останува
нејасно како би можело тоа да ја чини одбраната помалку битна. Два
фактори определуваат кој ќе го добие натпреварот: колку поени ќе
постигне твојот тим и колку поени ќе постигне противничкиот тим.
Бидејќи топката горе-долу е во посед кај едните и кај другите
фифти-фифти, најлогично би било дека нападот и одбраната би требало да
имаат подеднакво значење. Дури би држел и аргументот дека, во ера кога
е полесно да се поентира одошто да се одбрани, играчот што може да го
спречи противникот да поентира е побитен од некој што може да ја уфрли
топката во кош.

Тоа што анти-дефанзивното расположение нема
теоретска логика е целосно поддржано и од статистиките. Новите правила
се во функција само две сезони, поради што и најтемелното истражување е
лесно да се изврши. Актуелниот шампион, Мајами е избалансиран тим со
седми по ефикасност напад и деветта најефикасна одбрана. (Статистика на
ефикасност – мерка на колку поени тимот постигнува или прима при 100
поседи – според basketball-reference.com). Мајами го победи тимот на
Далас, кој го имаше најдобриот напад и 10-ата одбрана во лигата. Во
2005, Детроит Пистонс ја освоија Западната Конференција со 3-та одбрана
и дури 16-ти напад. Во финалето изгубија од Сан Антонио Сп’рс, кои имаа
8ми напад и НАЈДОБРА одбрана. Според овие показатели, изгледа дека
дефанзивно ориентираните тимови имаат подеднаков шампионски
кредибилитет како и офанзивните.

Исто така т’нка е вистината во
теоријата дека во „златните времиња“ обично победувале тимовите со
најдобра одбрана. Всушност, тоа се има случено само двапати во 15
години: ’99 Сп’рс и ’96 Булс се единствените шампиони што ја биле
предводници во дефанзивна ефикасност. Кога станува збор за Чикаго,
истата екипа имаше и најдобар напад во лигата, што е случај со нивните
шампионски тимови од 1991, 92 и 97.

Со други зборови, реалноста
е сосема логична. И нападот и одбраната се значајни, како што впрочем и
отсекогаш биле. Да се отскокнува од другите во едното или другото е
одлична работа, но успехот е недостижен доколку работата не се врши
добро и на двете страни на теренот. Новите правила не ја зголемуваат
релативната важност на нападот. Само ја имаат променето природата на
тоа што функционира во офанзива. Конкретно, помалите и брзи периферни
играчи се поефикасни од порано. Како последица на тоа, ниско
поставената одбрана иако е сеуште корисна, веќе не е неопходна како
порано.

Намаленото значење на нападот во рекетот објаснува зошто
Бен Волис толку вреди. Бидејќи неговиот тим може да се потпре на
периферно поентирање, неговата офанзивна ограниченост веќе не е толку
проблематична како што би била претходно. Од друга страна, пак,
одбраната станува посложена и квалитетните бананџии како Волис ротираат
во втора линија на одбрана против брзите надворешни пенетратори, кои
претставуваат најголеми ѕвезди во последниве години.

Како и во
изминатите години, тимовите што добро ќе минат во плеј-офот во 2007
најверојатно ќе бидат одлични на двата краја од теренот. Со тоа и ќе се
стави крај на муабетите дека одбраната не е битна. Во тој момент,
поддржувачите на храбриот нов свет на офанзивна доминација ќе бараат
објаснување зошто се излажале. Претпоставка е дека оправдувањето ќе го
најдат во новиот синтетички баскет.

Сепак, вистината е дека одбраната е половина од играта, отсекогаш била и отсекогаш ќе биде.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.goal.com
Moscow_BoY
Администратор
Moscow_BoY


Број на мислења : 1845
Age : 33
Registration date : 2006-10-13

НБА теории: одбрана или напад? Empty
ПишувањеПредмет: Re: НБА теории: одбрана или напад?   НБА теории: одбрана или напад? Icon_minipostedПет Ное 17 2006, 14:06

И двете се подеднакво важни, неможеш да речеш дека нападот е по важен, зошто ако си слаб во одбрана противникот ќе те наполни и попусто ќе биде што си подобар во напад. Ако нападот ти е слаб, пак ќе биде попусто што се браниш подобро, зошто секогаш ќе примаш повеќе поени одколку што ќе даваш. Сега зависи од какви играчи имаш, па според нив и ја правиш и тактиката...
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

НБА теории: одбрана или напад? Empty
ПишувањеПредмет: Re: НБА теории: одбрана или напад?   НБА теории: одбрана или напад? Icon_minipostedСаб Ное 18 2006, 00:19

Moscow_BoY напиша:
И двете се подеднакво важни, неможеш да речеш дека нападот е по важен, зошто ако си слаб во одбрана противникот ќе те наполни и попусто ќе биде што си подобар во напад. Ако нападот ти е слаб, пак ќе биде попусто што се браниш подобро, зошто секогаш ќе примаш повеќе поени одколку што ќе даваш. Сега зависи од какви играчи имаш, па според нив и ја правиш и тактиката...
Да али и ако немаш некои имиња у тимот моеш со добра тактика да направиш солидни или одлични резултати
Вратете се на почетокот Go down
Moscow_BoY
Администратор
Moscow_BoY


Број на мислења : 1845
Age : 33
Registration date : 2006-10-13

НБА теории: одбрана или напад? Empty
ПишувањеПредмет: Re: НБА теории: одбрана или напад?   НБА теории: одбрана или напад? Icon_minipostedСаб Ное 18 2006, 00:23

Имиња и ѕвезди не го прават тумот. Затоа според мене Европската кошарка е за класи подобра од НБА . Во која играат по атрактивна, односно играат стрит бол.
Еден мој тренер во Белград ми викаше, која е целта да застанеш и да направиш 10 дриблинга во место ? Да и покажеш на публиката дека можеш топката под нога да ја ставиш ?
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

НБА теории: одбрана или напад? Empty
ПишувањеПредмет: Re: НБА теории: одбрана или напад?   НБА теории: одбрана или напад? Icon_minipostedСаб Ное 18 2006, 00:26

Така е. Тоа дриблање у место ти е само начин да или да се изрезилиш па да ја изгубиш топката или да помислат другите дека стварно знаеш да играш а уствари појма немаш!
Вратете се на почетокот Go down
Stefan_t
ново членче
ново членче
Stefan_t


Број на мислења : 5
Age : 31
Локација : Skopje
Registration date : 2007-01-25

НБА теории: одбрана или напад? Empty
ПишувањеПредмет: dALLAS MAVERICKS   НБА теории: одбрана или напад? Icon_minipostedПет Јан 26 2007, 22:38

SVE OVA E DOBRO STO GO ZBORITE...JAS MISLAM DEKA DALLAS MAVERICKS SE IDEALEN TIM...JAS SUM LJUBITEL NA KOSARKATA I NE SAMO STO SUM FAN NA EKIPAVA ILI PA DEKA SE PRVI,TUKU SAKAM DA VI KAZAM DEKA NE SEKOGAS E POTREBNO DA SE IMA 'IMINJA' VO TIMOT

NA PR. DALI SE SEKJAVATE KOGA VO 2003/2004 DOJDE AVORY JOHNSON NA KLUPATA NA DALLAS(TOGAS BEA U SREDINA-NAKAJ POSLEDNITE)KAKO TOTALNO SE PROMENI TIMOT?

NEMAVME NI SLUSNATO ZA STEVE NASH,JOHN TERRY,ERICK DAMPIER,JOSH HOWARD ITN.

sAKAM DA KAZAM DEKA SO NAPOREN TRENING SE POSTIGNUVA MNOGU DOBRI REZULTATI,PONEKOGAS I PODOBRI OD OCEKUVANITE...POZDRAVVery Happy
Вратете се на почетокот Go down
http://stefansk.piczo.com
Sponsored content





НБА теории: одбрана или напад? Empty
ПишувањеПредмет: Re: НБА теории: одбрана или напад?   НБА теории: одбрана или напад? Icon_miniposted

Вратете се на почетокот Go down
 
НБА теории: одбрана или напад?
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Спорт :: Кошарка-
Отиди до: