Федерер и Родик ги надминаа проблемите, Љубо се сопна
Дури и Рожер Федерер се чувствува нервозен на првото
коло на Австралискиот Опен. Светскиот рекет број 1 и шампион од три
гренд слема во 2007 пропушти свој сервис трипати во првиот сет против
Германецот Бјорн Фау пред да стигне до 7:5/6:0/6:4 победа за почеток на
одбраната на титулата.
"Во првиот сет Бјорн ми направи три
брејка и нормално дека станувате помалку нервозни. Се обидувате да
бидете смирени, но тоа не е можно. Најважно е што потоа се собрав",
вели Федерер, кој лани имаше 92-5 скор.
Амели Морезмо, која
победи во Мелбурн минатата година за прва гренд слем титула, исто така
имаше нервозен старт, додека Енди Родик се мачеше со тенисер кој влезе
на турнирот со вајлд-карта и кој е 212. рангиран на светот. Четвртиот
носител Иван Љубичиќ не успеа да го помине првото коло паѓајќи пред
Американецот Марди Фиш со 4:6/7:6(7:2)/6:4/6:4 сигнализирајќи враќање
меѓу топ 50 на Фиш, откако падна на 341. место по двете операции на
зглобот на раката во 2005.
Во последниот меч на денот шампионот
од 2005 Марат Сафин се намачи во пет сета пред со 5:7/7:6/3:6/6:3/6:4
да го совлада Германецот Бенјамин Бекер во меч кој траеше 3 и пол часа
и заврши во 12:30 по локално време. Сафин повторно го покажа својот
темперамент и го искрши рекетот еднаш. Со силниот сервис на Бекер,
Русинот имаше проблеми посебно и двапати губеше. Само неколку минути
откако еден навивач извика "Налути се" во третиот сет, Сафин го искрши
рекетот.
Родик, пак, имаше проблеми со Французинот Жо-Вилфред
Цонга, кој го играше само својот шести АТП натпревар и го освои првиот
сет во маратонски тај-брејк со 20:18. Родик пропушти четири сет топки
во тој сет, но се врати за 6:7(18)/7:6(2)/6:3/6:3 победа.
"Мислам дека ова беше сосема обичен натпревар. Првите мечеви се такви", вели шестиот носител.
Морезмо загуби свој сервис рано против Американката Шенај Пери, а потоа се врати во форма со 6:3/6:4 триумф.
Серена
Вилијамс, која оди на својата осма гренд слем титула по серија повреди,
стартуваше бавно, но се врати за да ја совлада 27. носителка Мара
Сантанџело со 6:2/6:1. Сантанџело имаше само 6 победнички топки и 23
неизнудени грешки.
"Се чувствувам добро и конечно одиграв еден
меч како што треба. Јас немам што да загубам. Можам да одам само во
еден правец и тоа е нагоре", вели Вилијамс.
Миленикот на
публиката, Маркос Багдатис, го совлада Германецот Раинер Шутлер со
6:4/2:6/6:3/6:2 во меч во кој двајцата тенисери се мачеа со заморот и
жештината. Во дуел на двајца поранешни финалисти од Мелбурн, Багдатис
имаше одличен старт, но му дозволи на финалистот од 2003 Шутлер да се
врати во мечот во вториот сет.
Поранешниот шампион од Ролан
Гарос, Хуан Карлос Фереро стигна до второто коло во понеделникот кога
Чехот Јан Хајек се повлече по само три гема, поради проблеми со
стомакот. Хајек беше вториот тенисер кој се повлече по само 35 минути
игра на првиот гренд слем, откако Швеѓанецот Јоаким Јохансон се повлече
при 1:1 во дуелот со Гијермо Гарсија-Лопез поради плускавци на
стапалата.
АВСТРАЛИСКИ ОПЕН - МЕЛБУРН, 20.000.000А$, РЕЗУЛТАТИ (1.КОЛО):МАЖИ(1) Федерер - Фау 7:5/6:0/6:4
Фиш - (4) Љубичиќ 4:6/7:6(7:2)/6:4/6:4
(6) Родик - Цонга 6:7(18:20)/7:6(7:2)/6:3/6:3
(7) Робредо - Рамирез Хидалго 6:4/6:4/6:0
(9) Анчиќ - Соеда 6:4/6:3/6:2
(11) Багдатис - Шутлер 6:4/2:6/6:3/6:2
(14) Ѓоковиќ - Масу 6:1/6:1/6:0
(16) Ферер - Плес 7:5/6:4/6:3
(18) Гаске - Воландри 6:4/6:4/6:2
(20) Штепанек - Лодра 6:2/6:4/6:0
(22) Хрбати - Ванек 6:7(7:9)/7:6(7:1)/6:1/6:3
(24) Фереро - Хајек 3:0 пред.
(25) Јужни - Херних 7:6(8:6)/6:2/6:0
(26) Сафин - Бекер 5:7/7:6(7:2)/3:6/6:3/6:4
Квереј - (27) Акасусо 6:7(2:7)/6:4/6:1/6:3
Флајшман - (30) Каљери 7:5/4:6/6:3/6:3
Бјоркман - Патиенс 5:7/4:6/6:0/6:1/6:2
Жиквел - Џонс 3:6/6:7(1:7)/6:4/6:1/6:0
Села - Шричафан 6:4/6:2/6:2
Гарсија-Лопез - Ј.Јохансон 1:1 пред.
Лу - Гројл 6:3/6:4/6:3
Удомчоке - Васаљо Аргуељо 6:3/6:3/6:2
Длоухи - Габашвили 6:3/6:1/6:7(5:7)/6:7(5:7)/16:14
Мелцер - Карловиќ 6:4/6:4/7:6(8:6)
Монфис - Брачали 7:6(7:2)/6:7(9:11)/6:4/7:6(7:5)
Ф.Лопез - Вилсон 7:6(10:
/4:6/6:3/7:6(7:3)
Спадеа - Андреев 6:2/7:6(7:3)/6:1
Т.Јохансон - Киундели 6:4/3:6/1:6/6:4/6:2
Делич - Симон 6:3/6:0/6:2
Сера - Девилдер 7:5/6:2/6:4
Артурс - Коубек 1:6/6:7(4:7)/7:6(7:5)/6:2/6:3
ЖЕНИ(2) Морезмо - Пери 6:3/6:4
(3) Кузнецова - Мур 6:2/6:0
(5) Петрова - Танасугарн 6:3/6:2
(7) Дементиева - Форец 6:1/6:2
(10) Ваидисова - Крејбас 6:4/5:7/6:1
(11) Јанковиќ - Возниак 6:3/6:3
(14) Скијавоне - Клесел 6:4/6:4
(16) Пеер - Опранди 6:1/6:3
(18) Бартоли - Душевина 6:0/6:3
(20) Головин - Смашнова 6:3/6:1
(21) Среботник - Делаква 4:6/6:2/7:5
(23) Сугијама - Арвидсон 6:3/6:4
Веснина - (25) Медина Гаригес 6:7(7:9)/6:1/6:1
(26) Кириленко - Шпрем 3:6/6:3/6:1
С.Вилијамс - (27) Сантанџело 6:2/6:1
Шруф - (31) Жи 4:6/7:6(7:1)/6:4
Бирнерова - Суха 7:5/6:3
Пучкоа - М.Домаховска 6:2/6:4
Адамчак - Тулјаганова 6:1/6:4
Ондрашкова - К.Фернандез 6:4/6:2
Бенешова - Воскобоева 6:7(3:7)/6:1/6:4
Кремер - Крајичек 6:4/6:3
Азаренка - Федак 6:2/5:7/6:4
Шафарова - Брианти 6:3/6:1
Дулко - Сун 6:2/6:2
Милер - Краверо 6:0/6:3
Јакимова - Поус Тио 6:2/4:6/7:5
Руано Пасквал - Чинк 1:6/6:1/9:7
Камерин - Флипкенс 6:2/6:2
Вакуленко - Лиховцева 6:0/4:6/6:3
Секвера - Гајдошова 6:3/6:4
Ту - Галовиц 2:6/6:4/6:2
Шарапова имаше мали проблеми поради топлото време +40 , али ги надмина